15. ден од февруари на програмата ги носи ракометните дуели на нашите претставници во Европа, фудбал од најдобрите европски лиги, како и кошаркарска АБА лига.
Со голема самоувереност и цврста игра, ракометарите на Вардар победнички ги завршија натпреварите на домашен терен во групната фаза и на едно коло до крајот се уште поблиску до втората позиција во групата.
Спортската сабота е стандардно богата со фудбалски натпревари. За тие што сакаат да гледаат ракомет, Вардар игра претпоследно коло од групната фаза во ЛШ, а на програмата имате скијање и Ол стар натпревар во НБА.
За разлика од Вардар, Монпеље во сабота мора да оди на победа доколку сака пласман во следната рунда. Французите ќе играат без нивниот најдобар играч, Матеј Грабер кој е повреден. Гонзалес го почитува, но не се плаши од Монпеље.
Градинка во Карпош некаде кон крајот на 1996-та. Дечурлана 4-5 години, собрани да пеат нешто. Воспитувачката додека да ги собере, они имаат штимунг проба на сопствена, тогаш една од најмачните, скопски теми. Напред Вардар!
Ако викендов не ви беше доста од спорт, седнете пред тв и денес. Вардар и МЗТ имаат натпревари во регионалната ракометна и кошаркарска лига, а има и фудбалски меч од Серија А, прегледи со голови и Светско првенство во скијање.
Неочекувано лесно и убедливо Вардар го совлада словенечкиот Крим 41:30 во продолжението од групната фаза на ЛШ. Најзаслужни за првите бодови во ТОП12 фазата беа Јованка Радичевиќ со осум погодоци и Лекиќ и Дембеле со по шест голови.
Ракометарките на Вардар во сабота играат исклучително важен натпревар во групната фаза од ЛШ. Во Скопје гостува традиционално незгодниот Крим од Љубљана, за кој играат довчерашната вардарка Алисон Пино и Мирјета Бајрамовска.
Спортската понуда во петок делува доста богато. ЖРК Вардар се враќа на европска сцена во втората фаза од ЛШ, а на Мундијалот во Катар се играат полуфиналињата. Има и фудбал, кошарка и ски скокови.
Славната ракометарка на Кометал, е најмлада од шампионската генерација на овој тим. Се повлече во 2007-та на 27 години, гори од желба повторно да заигра, но сега е посветена на тренерската работа со 110 деца кои ги тренирала и бремена. За Македонија смета дека сега е најзрела за успех во Катар.
Поранешната европска шампионка со Кометал Ѓорче Петров (2002) и Шлагелсе (2004), вели дека Македонија мора денеска да оди на победа. Таа смета дека дуото Јоновски-Марковски ќе заврши работи во одбрана, а најголемата разлика во ракометот според неа е во голманите.
Откако двете селекции победија на трите воведни средби, утрешниот дуел во Доха ќе биде право балканско дерби кое би можело да биде клучно за првата позиција во групата Б.
Македонската ракометна репрезентација стигна и до вториот триумф на Мундијалот во Катар, но аутсајдерот во групата се покажа како тврд оред кој го совладавме со 33:31.
Официјалниот сајт на СП Катар 2015 направи подробна анализа за нашата ракометна репрезентација, која утре по четврти пат во историјата ќе се појави на најголемиот светски ракометен собир.
Светскиот ракометен Мундијал во Доха ќе го собере кремот на овој спорт во периодот од 15 јануари до 1 февруари. Голем број на важни играчи нема да бидат дел од спектаклот поради повреда, силна конкуренција или поради тоа што нивните селекции не се пласираа.
На 6 февруари стартува гласањето за најдобар гол со цепелин во ракометната ЛШ, а во изборот ги има и ремек делата на вардарците Лазаров, Дибиров и Брумен. ЕХФ во меѓувреме ископа два историски погодока од архива од сезоната 2010/2011.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Двете интервенции во ист напад на голманот на Вардар против Рајн Некар и онаа на поранешниот голман на Металург против ПСЖ, влегоа во потесниот избор на ЕХФ кој состави листа на најдобри одбрани од првиот дел од сезонава во Лигата на шампионите.
На Бог му требале 7 дена за да го создаде светот. Сега имаме исто толку време за да го уништиме и да ги предухитриме Маите. Нека видат како треба, тие неуки централноамерикански индијанци, кои го утнале најважното пророштво: да ги земат со резерва добрите намери на Ернан Кортез.
Селекторот на македонскиот национален тим, Чедомир Јаневски го објави списокот на комбинираната репрезентација која ќе одигра пријателски натпревар со Полска на 14 декември во Анталија. На списокот се наоѓаат фудбалери од домашното првенство и двајца интернационалци.
Луис Адриано од Шахтјор на натпреварот против Нордсјеланд постигна илеџиски гол кој беше прогласен за најсрамен и еден од најконтроверзните голови во историјата на Лигата на шампиони. Но историјата на фудбалот познава и други контроверзни голови.
По поразот од Вардар во СЕХА лигата, Металург загуби и во Лигата на шампиони. Искусната екипа на Киелце му го нанесе првиот пораз на Металург во најелитното европско клупско натпреварување.