„На младите денес им треба насока. Мораат да научат да бидат свои, да развијат чувство на љубопитност и да не живеат преку овие безлични ликови што ги следат на социјалните мрежи.”
Оваа година навршува половина век од Алан Форд, стрипот без кој не би требало да помине ни една младост, без разлика во каков медиумски уи технолошки еко-систем живее. Стрип за групата ТНТ која е составена од луѓе кои се составени од мани. Го пишуваше Макс Бункер, го црташе Магнус и веројатно од тоа немаше да испадне ништо посебно ако не преведуваше маестрално разгираниот Ненад Брикси. Тја!
„Најдобро е да се остане љубопитен, да се живее автентично и да се ставаш себеси во многу нови ситуации, со луѓе кои имаат предизвикувачки идеи. Како што ќе откриваш кој си и ќе си го наоѓаш гласот, животот ќе ти станува поинтересен.”
Убер ми е една од најомилените апликации во телефон. Обожавам такви пријатни и корисни тракатанци. Толку ми е корисна, што ќе продолжам да ја користам дури и покрај тоа што еднаш ми се случи, макар на секунда, да сум уверена дека ќе умрам во Уберот, или барем во негова близина.
Тешко е да се провлече зборот „кучка” во било какво дело (статија, текст, книга, филм, говор) без со него да се провлече и дилемата дали се работи за нешто паметно или за уште едно досаѓање во рамки на погрешно сфатен феминизам. И меѓу сите тие јачања (биди кучка или ќе те прегазат) и излитени фрази (кучка во кревет, не знам што таму на улица), лежат и умните дискусии, како оваа.
Она што вчера се случи, накратко е следното: разведена Американка се мажи за човек чиј брат ќе стане крал, само заради таткото на неговата баба по татко, кој станал крал само затоа што брат му сакал да се ожени за разведена Американка.
Матурата е со децении е едно важно „живели” на школскиот и тинејџерскиот живот, што заради традиција, што заради фамата што се крева околу неа во сите тинејџерски филмови од Pretty in Pink па наваму.
Рекламите нè натераа да бркаме автомобили и облека, да работиме работи кои ги мразиме, за да купуваме срања кои не ни требаат. Ние сме средното дете на историјата. Без цел и без место. Ние немавме Голем војна, ниту Голема депресија. Нашата Голема војна, нашата Голема депресија е нашиот живот.
Сега е научно докажано дека тоа што со другарот се кикотите на иста, за остатокот од светот несмешна работа е затоа што мозоците ви функционираат исто.