Како што знаете порано снимав програма наречена Топ гиар. Сега само се шуткам низ куќа и ништо не правам. Мој близок пријател чие име започнува на Р а завршува на ичард Хамонд ми кажува дека слободното време го искористил за да го истренира своето куче и дека сега кучето го мрази. Што го прави кучето да биде како и сите други. Ако сакав да умрам, можев да фатам да играм голф, ама наместо тоа решив да снимам уште една ТВ програма. Програма која е иста како и претходната, освен што ќе биде гледана од помалку луѓе.
Ова ме носи до Мермерите на Елгин за кои Грците не престануваат да замараат да им ги вратиме. Жал ми е ама целосно би бил за да ги вратиме кога Гркот би покажал каков било знак дека знае правилно да се грижи за нив. Ќе ги ставиш назад и за неколку дена ќе бидат купиште камења. Само размисли. Кога со време би ја растуриле Палмира камен по камен и би ја изградиле одново во Милтон Кејнс веднаш до кравите тогаш барем Сиријците немаше да можат да самите да си ја уништат. На најголемиот дел од државите не може да им биде доверена нивната сопствена историја.
Што ме враќа на вежбањето. Пред некој ден 10 минути вежбав на трака за трчање и речиси умрев од досада. Ако вам ви е сеедно, јас попрво би продолжил со пушење и да оставам делови од телото да ми отпаѓаат по радном. Тоа е совршен начин за слабеење без никаков напор. И друга работа. Зошто весници како Гардијан цело време вртат само за жени и менопауза? Искрено, на кој му е гајле? И зошто луѓето наместо тоа не пишуваат за дебели средовечни мажи кои се во средовечна криза, се разведуваат и живеат сами? Тоа е вистинската трагедија.
Што повторно ве враќа на вчера наутро кога возев кон Лондон од мојата фарма во Котсволд, кога заглавив во сообраќај. Сето ова заради некој велосипедист што не размислува кој завршил заплеткан под камион. Човекот очигледно беше мртов, па што не земаа на брзина да го фрлат некаде и сообраќајот да продолжи да се движи, наместо пола Лондон да задоцни на работа? Пред еден месец бев во Јоханесбург и имаше тројца црнци кои беа застрелани и лежеа крај патот и полицаец кој на сите им мавташе со рака да продолжат да возат. Не беше некој голем проблем. Што сакаш кажи за влијанието на апартхејдот, ама луѓето знаат како да го одржуваат сообраќајот во движење.
Што ме врати на Шкотска. Која е целта на Шкотска? Секој пат кога сум бил таму или истура од врнење дожд или е преполно со комарци. А и кога си таму, апсолутно нема што да правиш. Нула. Ништо. Истото важи и за Нов Зеланд. Што е причина зошто откако ќе изебеш неколку овци може да мислиш само на фрлање од мост додека си врзан со ластик. Ако стварно сакаме да преземеме нешто околу бегалската криза, тогаш треба само на сириската телевизија да емитуваме шкотски туристички реклами и сите ќе решат да си останат дома.
Што ме носи на Дејвид Боуви. Зошто никому не му е дозволено да каже дека не се потресол кога тој умре и дека попрво би ги слушал Дуби брадерс? Ова е истата политичка коректност која значи дека никој не може да каже дека му се допаѓа Дејвид Камерон или Ребека Брукс. Дејв е одличен дечко со сопруга која секој би сакал да ја бемба. Што повеќе би можел да посакаш од премиер? Зборев со него пред некој ден за тоа колку е тешко да избереш која боја на вино да пиеш. Црвено прави лицето да ти биде огнено-црвена боја, белото те буди во 3 часот наутро со главоболка а розето те прави шарен.
Што ме доведе до референдум. Очигледно никој што знам нема гласано за напуштање на ЕУ ама па и јас како и вие не познавам никого од Барнсли или од Стоук. Очигледно сето ова ќе заврши со солзи. Лично, за ова ги обвинувам луѓето со мачки. И камерите за автоматско препознавање на регистарски таблички. И велосипедистите во сандали што читаат Гардијан кои упорно тврдеа дека нема ништо лошо кај Хуните. Ако не сме внимателни сите ќе завршиме со Борис Џонсон. Човек кој има уште поголема средовечна криза од мене. Зошто никој не пишува за машката средовечна криза? Сите текстови се за менопауза и како таа те прави лезбејка.
Што ме доведува до фактот дека е јануари а јас немам за што друго да пишувам, освен да ја разместам колумната од минатиот јануари за тоа како мразам да вежбам, сакам да пушам и како снимам нова емисија чие име никој не може да го запамети. Ама барем ќе ме извади од земјава. Сакаш да знаеш зошто Британија гласаше за напуштање на ЕУ? Ќе ти кажам. Затоа што на фудбалските навивачи им се досади да ги нарекуваат расисти затоа што пееле песни дека Ромел Лукаку имал голем топуз. Јас баш би сакал кога некој би пеел за мојот топуз. Меѓутоа политички коректните следбеници на Брада Корбин не го дозволуваат тоа.
Што ме носи до Дејвид Атенбороу. На кого му се нема смачено од него и како збори за климатски промени? Ако на не знам каков корал му е премногу топло морето кај Барбадос, тогаш што не се пресели во Моркам?
Што пак ме носи до Алекса. Интернетот ја презема контролата врз нашите животи. Деновиве се што треба да направиш е да викнеш „Алекса, искуцај Џереми Кларксон книга кој звучи исто како и сите други“ и ќе добиеш нешто вакво.