„Прво, па пауза“ писма на читатели

Здраво Трендо,

Ми се роди син (благодарам), и тука почнуваат маките:

Проблем 1:

Извод од книга за новородени: си следам кога е работно време а кога пауза (10-10.30 ч.). Излегувам од работа, доаѓам на шалтер во 12.30ч, теткицата ми вика;

'Пауза до 13ч!'

'Извинете, тука пишува од 10-10.30',

'Не, така не е за нас, што работиме двократно'

'Но на вашиот шалтер така пишува, каде е тоа истакнато.' итн....

Проблем 2:

Погоренаведениот шалтер работи од 7-21.30ч, двократно, што е супер. Но, МВР издава матични броеви само до 12 часот. Суперлајк.

Одговор, стандарден:
'Дечко, врати се понеделник'.

Поздрав, одам на пауза,

Михаел

Битола, едношалтерски систем, петок, 18.05.2018 12.35ч.

21 мај 2018 - 12:54