Историјата на матурскиот фустан

Матурата е со децении е едно важно „живели” на школскиот и тинејџерскиот живот, што заради традиција, што заради фамата што се крева околу неа во сите тинејџерски филмови од Pretty in Pink па наваму.

Но, вистинските корени на матурата како ритуал, а не како завршен дел од образованието (prom, скратено од promenade, прошетување, повеќе како преминување во друго), дебитираат во школите на североистокот во Америка, како на пример Харвард и Амхерст од средината кон крајот на доцниот 19-ти век и тука се појавуваат како релативно едноставни игранки за поздрав. Од овде се претвора во тинејџерска традиција во средните школи до 1940-тите. Матурски забави има и во некои канадски средни школи, а по малку и во Велика Британија, кај уште помлади.

Матурските забави се еден вид церемонија за созревање, како квинсенери, бар/мат мицва, католички причесни, дебитантски балови и свадби. Сите овие ритуали и внимателно избраната облека што се носи остануваат до ден денес. Но сепак, матурскиот фустан се разликува од повеќето традиции: несекуларен е и не е врзан за ниеден етникум и според тоа - универзален е.

Претставува и ретко парче облека кое, како што често и се случува, ја означува новата сексуалност на тинејџерката, како што истражува социологот Ејми Бест во нејзината книга „Матурска вечер: Младост, школо и поп култура”.

„Матурскиот фустан е критично важен за откривањето на себеси како сексуална личност,” пишува Бест, притоа објаснувајќи како слушнала дека некои девојчиња кои ги интервјуирала ја опишувале „врвната непријатност” кај нивните татковци кога ги виделе нивните опасни комбинации на големата вечер, што докажува дека „девојчињата успеваат да се трансформираат”.

Сепак, матурскиот фустан не бил толку секси кога почнал да се појавува - повеќе се внимавало да биде женствен. Во ’40-ти, силуетите на фустаните се тенки и блиску до телото. Ова не се правело за да бидат посекси, туку поради рациите за материјали во Втора светска војна. Фустаните во ова време биле позатворени, со поскриено деколте и покриени рамена и сукњи до под, често направени од тешки материјали како плиш и тафета.

Во ’50-ти се појавуваат ултра-женствени фустани до под колена и вакви носат скоро сите во тој период. Овде доаѓаат на ред и малку поотворени деколтеа и малку пооткриени рамена.

Во ’60-ти се враќа потесната силуета, само овој пат од естетски причини, а не за да се заштеди. Се комбинираат потесни сукњи со повисок струк, кои даваат една бебидол силуета, потоа пастелни бои и прерамките се уште потенки. Кон крајот на декадата, се појавуваат фустани сечени под гради, и различни отвори.

Во ’70-ти, многу матурски фустани ги рефлектираат многу од новите трендови на таа ера, стануваат пошироки и често не го дефинираат струкот. На филм доаѓа Кери, со Сиси Спејсек во дел од трендот од ова време.

Многу важен настан (бар за фустаните како што ги гледаме на холивудски филмови), доаѓа исто така о ’70-ти, кога Џесика Меклинток, бренд формиран од поранешна учителка без никакво школо за дизајн, станува синоним за матурските фустани и фустаните за деверуши на ’80-ти и ’90-ти. Меклинток лично се пензионира во 2014-та, а се затвораат и продавниците, иако моментално со нејзиното има по некој парфем.

Максимализмот на ’80-ти секако дека не ја поштеди и матурската категорија на фустани. Овде се претерува до екстраваганца, се користат светкави и металик материјали, ултра-напумпани ракави, и сето тоа заедно со шминката е причината што некогаш сликите од ’80-ти ни стојат длабоко во некоја фиока.

Во рани ’90-ти, фустаните личат на тие од претходната декада заради металикот. Горе беа се уште тесни, но силуетата се менува, а струкот се преместува подолу, на колковите. Доаѓаат матурски мини фустани. Ви текнува на фустаните на Бренда и Кели од Беверли Хилс во ’93-та, тесни, со голи рамена и голема машна? Овие станаа толку иконик, што инспирираа и дизајнери: Ајзак Мицрахи ги позајми за една колекција во 2011-та.

Во втора половина на ’90-ти, повторно доаѓаат шпагети-прерамки, со ѕиркање назад кај крвавиот фустан на Сиси Спејсек од две децении претходно, и на телевизија ги видовме на Кет Стратфорд од „Ten Things I Hate About You” и Лејни Богс од „She’s All That”.

Новиот милениум донесе шаренило од матурски трендови. Сè повеќе се потпираат на модни писти (како фустанот на Мариса Купер од „The O.C”), а се продолжува во правец на светкави детали и понекогаш и копии на венчаници, само во боја и без претерување.

И правилата сè помалку важат, сега матурантките освен што продолжуваат да ги користат матурските фустани за себеизразување, веќе не се ни оптеретени да бидат во рамките на тоа што се очекува, но со свој печат - сега веќе се оди од фармерки до наметки, од кежуал и панталони, до најсвечено што се може, до нашите најомилени бугарски матурантки.

Вашите до кај се?

9 мај 2018 - 13:01