Вечерта што го менува нејзиниот живот се случува во Њујорк Сити, во јануари 1983. Дејвид Боуви во тој момент вечера со неговите нови издавачи, баш пред да излезе Let’s Dance - сакаат да го шетаат, да го частат, а тој ги информира дека веќе има планови: Да ја гледа Тина Тарнер во живо и нема шанси да ја пропушти. Сите ги довлечкал со него - нејзиниот менаџер Роџер Дејвис добил повик во последен момент да стави уште 63 души на список.
„Тоа ми беше Пепелашка-момент,“ пишува Тина во автобиографијата. „Таа вечер во Риц беше еквивалент на одење на балот (минус Принцот) затоа што драматично ми го промени животот.“
После настапот, беснееле цела ноќ со Боуви, Кит Ричардс и Рон Вуд, седејќи околу пијаното во хотелот, пеејќи класици од Мотаун и пиејќи Дом Перињон. Позирале и за една од најјаките рок-фотографии на сите времиња - Тина пие од исто шише со Боуви, а Кит Ричардс стои во позадина со Џек Даниелс.