Во „Емили во Париз“ не постојат класи

Се коси со реалноста, ама тоа всушност и не е толкав проблем.

Новата сезона (барем првата половина) доаѓа за помалку од 2 месеци, што значи, пак нè чека масовно кукање за тоа колку е нереално прикажан Париз и како серијата е тотално слепа за класните разлики.

Сепак, една Французинка на Јутјуб прави анализа на тоа слепило и успева, (заедно со гледачите на кои не им е срам да си признаат дека гледаат со задоволство) да му најде НЗС на пристапот на Дарен Стар - ескапизам.

Да, знаеме дека Париз веќе со години го газат протести и проблеми, да знаеме дека има стаорци и дека најевтиното живеалиште до пред 100 години било сопче за послуга.

Ама, толку ли е страшно да добиеш прилика да гледаш серија што нема да те потсетува на тоа?

20 јуни 2024 - 13:34