Сте ја забележале „хабсбуршката вилица“?

Од 13 век наваму, хабсбуршката династија владее со големи делови од Европа. Но, за едно семејство да спојува моќ и влијанија, или да создава нови сојузи, морале да склучуваат политички корисни бракови.

Тогаш не се разбирале многу во генетските проблеми на браковите меѓу роднини. Вообичаено, детето треба да е производ на два многу различни генетски материјали, но ако родителите се братучеди, има големи шанси да делат рецесивни гени. Постојано мешање на тие гени предизвикува да станат доминантни, понекогаш и со многу непријатни резултати.

Во случајот со хабсбуршката династија, се манифестирал во претерано зголемена долна вилица (мандибуларен прогнатизам) - со истакнат долен загриз, голем закривен нос и испакната долна усна. Оваа карактеристика, позната како „Хабсбуршка вилица“ (или брада) станува сè повидлива после генерации бракови меѓу роднини. Марија Антоанета била дел од таа фамилија, но нејзината истакната долна усна само ѝ давала изглед на постојан дакфејс. Други Хабсбурзи не поминувале така лесно.

Карлос II е последниот од шпанските Хабсбурзи. Роден бил со неколку физички недостатоци, меѓу кои и долна вилица толку многу издадена, што се мачел да јаде и да зборува. Историчарите и генетичарите процениле дека ова доаѓа од векови спојување роднини во брак. Физичките деформитети на Карлос биле толку забележливи што му дале прекар Ел Хечизадо - што буквално значи „Исколнатиот“. Иако два пати се женел, не оставил наследник - некои научници сметаат дека не можел, а аутопсијата покренала повеќе прашања отколку што одговорила. Лекарот што ја спровел рекол:

„Телото не му содржеше ниедна капка крв, срцето му беше колку зрно бибер, белите дробови кородирани, цревата скапани и гангренозни; имаше само еден тестис, црн како јаглен и главата му беше полна со вода.“

Не се зимајте со роднини. 

18 јуни 2024 - 13:49