Чевлите што го шетаат Њујорк во моментов

Нека бидат какви сакате, ама нека бидат сребрени.

До скоро, додека беше поладно, беа сребрени металик чизми (некој нека пријави ако начека по Скопје), а сега летната верзија се сребрени балетанки и по некоја папуча.

Може не изгледа така од прва, ама со сè се носат. Фармерки, фустани, сукњи, па и кратки панталони - и дури и сè да е „досадно“ на вас, ова е тоа што дава димензија.

Во Њујорк ги има насекаде, во најразлични варијанти - практични се затоа што можеш пешки во градови како нашите, а во градови како Њујорк да не ти е тешко да трчаш по метроа. Ги откриваат веќе и во Лондон, и реално, кога е веќе топло за чизми, идејата воопшто не е лоша.

 

19 јуни 2024 - 14:09