Вестон Меккени стана еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион кој скоро сигурно ќе го откупи неговиот договор од Шалке. Американецот е прав хит во Серија А, а против Болоња на интересен начин го прослави голот.
„Кралскиот клуб“ не престанува да разочарува. По поразот во шпанскиот Суперкуб од Атлетик Билбао, тимот на Зинедин Зидан срамно испадна од Купот од скромниот третолигаш Алкојано од Сегунда Б.
Вечерва за трофејот во италијанскиот Суперкуп ќе се борат Јувентус и Наполи, предводени од Пирло и Гатузо кои повеќе од десет години беа блиски соиграчи во Милан и репрезентацијата на Италија. Има куп јаки анегдоти поврзани со двајцата.
Поранешниот фудбалер на Партизан, ПСВ, Челси, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Фенербахче во петок ќе ја објави автобиографската книга, во која зборува за тоа каков е Мурињо приватно, зошто се скарал со Видиќ, разводот со жена му, проблемите во Париз и други пикантерии од богатата кариера.
Италијанецот годинава го водеше Реал Мадрид до четири титули во сите натпреварувања, што е најдобро остварување на кралевите во 112-годишната историја. На Реал му фалат уште три победи за да го срушат Гинисовиот рекорд на Коритиба од Бразил по бројот на последователни триумфи.
Најталентираниот македонски фудбалер во слободно време пишува книга, вежба јога и малку гледа спорт. За Офф.нет.мк раскажува каков е Меси приватно и како се пецкаат со брат му Дориан пред и после Ел Класико.
За постоењето на спортскиот фудбалски викенд, како и Лигата на шампиони во вторник и среда кажете му фала на Шефилд, односно неговите основачи. Од нив почна нашава болест.
Седна на клупата на Арсенал на 1 октомври 1996 година, како замена за непознатиот Брус Риох, а вечерва против Галатасарај одбележува 18 години како тренер на Топџиите. Му поминаа топло-ладно, но нема мотивација да ги раскаже во книга.
На 20.септември 2004-та почина еден од најголемите тренери во историјата на англискиот фудбал, а неговата животна приказна го инспирираше Дејвид Пис да напише книга за него.
Освен што беше прогласен за еден од најбрзите голови во Англија, голот на Асмир Беговиќ лани против Саутемптон, од денес стана и погодок од најголема далечина на еден официјален натпревар.
Екипата на Пардеборн, која викендов ќе ја игра првата историска сезона во најелитното германско друштво, во својот состав го има талентираниот Турчин Сулејман Коч, поранешен осуденик кој учествувал во многу кражби.
Има 36 години, по професија е писател, не го бивало да направи кариера во бејзболот, но успеал да им ги собере сите топчиња и сега пишува книги со инструкции како го правел тоа.
Велосипедистите на светски познатата етапа „Тур де Франс“ неретко се надмудруваат и со правила кои не се заведени како официјални во Меѓународниот велосипедистички сојуз. Потврда за тоа се и неколкуте инциденти на овогодинешниот „Тур“.
Манџукиќ бил скромно момче кое учело за плочкар, а Паласио се уште носи старомодна фризура. За Француските репрезентативци дознаваме дека со дрзок однос градат кариери, па дури одбиваат и телефонски повик од Реал Мадрид.
Еден од најпознатите местачи во светот на фудбалот, Сингапурецот Вилсон Раџ Перумал тврди дека тој им помогнал на репрезентациите на Хондурас и Нигерија да се пласираат на Светското првенство во 2010-та година.
Жером Дуфург е француски бизнисмен и директор на фудбалскиот тим Таланта од Кенија. Во интервју за „serieaddicted“ тој отворено зборува како во Африка талентираните играчи за само 8 евра мито, вадат документи и “стануваат“ повозрасни за да се продадат во странство.
Трендо го објавува кога ќе му начека песна, Илина го објавува кога ќе му начека книга, а еве го начекавме и ние. Познатиот словенечки рокер натепа судија по натпревар од кошаркарскиот Еврокуп во Љубљана.
Обично не пишуваме за вакви луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, но 23 годишната Аша некако фино ќе си легне во друштво на нашите офсајд ликови кои се издвојуваат по својата уникатност.
Од шампион до шанкер. Така накратко може да се опише животот на Енди ван дер Мејде, еден од поранешните најголемите таленти во Европа чија кариера пропадна заради зебрата на неговата сопруга и тој сега стана специјалист за правење кафе.