Одиме со мала пауза на тема репрезентации и се селиме во втората шпанска лига или поточно во канарското дерби Тенерифе - Лас Палмас каде се случи кикс на сезоната. Голманот на Тенерифе изгледаше имаше ласер во око или па за момент помисли дека игра одбојка. Трето нема.
Пет различни стрелци учествуваа во петардата на Каталонците против Ференцварош. Меѓу нив е се разбира Меси, потоа хитот Фати, ама сите зборуваат за Педри, нов клинец кој е само 25 дена постар од Фати и кој со такви си отиде дома.
Ама секоја сезона е ова дечки и тој што е заразен со шпанско и спортска, сигурно забележува. Велат кладилниците го вртат фудбалот и сешто може човек да помисли, па зошто да не и една диригирана шема на високо ниво за големи пари м?
Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.
Научници успеале да оживеат растение од семе старо 32.000 години. Со тоа го срушија досегашниот рекорд за цели 30.000 години. А на некој, патлиџан ќе му порасне и ене го одма на Инстаграм.
Шампионот на Шпанија од 2000-та, клубот за кој играа Рој Макај, Диего Тристан, Валерон, Пандијани, Ривалдо, Мауро Силва, Консеисао, Ѓукиќ, Молина, Џалмиња и други, од следната сезона ќе игра во шпанската трета лига.
Нетфликс и другите титани на филмската продукција сериозно би можеле да подразмислат да снимат документарец или игран филм за животот и делото на Анхел Кореа, Аргентинецот од Атлетико Мадрид.
Хрватот Ален Халиловиќ (23) до пред некоја година важеше за ултра талентиран фудбалер. Барселона го доведе на 16 години, ама Хрватот не успеа да се докаже на „Камп Ноу“ па почна бескрајна авантура. Го позајмуваа во Спортинг Хихон, во Лас Палмас, во Хамбургер, пред да дојде во Милан. Не се снајде ни на „Сан Сиро“ па го позајмија во холандски Херенвен. Пред неколку дена го дал првиот гол сезонава, а неколку минути претходно направил р’шум во подтрибинскиот бар.
Откако ги пукна глобален срам, јужнокорејските власти ќе им реновираат по дома на сиромашни семејства во Сеул кои живеат во подруми налик семејството од „Паразит“ за да ги унапредат нивните услови за живот,
Алехандро Родригез Масиас има само 5 години, а веќе стана херој на интернет и тоа преку една фотографија на која ги брани вистинските вредности на грасрут фудбалот.
Легендарниот автор на филмска музика Енио Мориконе се зарече дека никогаш повеќе нема да работи со Квентин Тарантино. Ја ставал музиката "без кохерентност".
Кардиналите на Римокатоличката црква ја продолжија конклавата во Ватикан за избор на нов папа, а синоќа Барселона го победи Милан со 4:0. Овие факти се дел од најневеројатниот статистички податок во фудбалот.
Пред судот во Мадрид се појави докторот Еуфемиано Фуентес кој ја има главната улога во еден од најголемите допинг скандал во светот на спортот и скандал кој може да ја оцрни доминацијата на Шпанија во сите спортови.