Меѓу главните проблеми на Украина е воспоставувањето на државна граница со Русија, граница која никогаш претходно во историјата не постоела во оваа форма.
Во меморандум испратен до вработените, првиот човек на Хуавеи, Рен Женгфеи, порачува дека компанијата треба да биде се издигне на ниво за војна, за да се справи со блокадите од САД.
Наместо Путин, главен „зликовец“ во руската верзија станал Трамп. Плус без знаење на авторот се променети и некои битни термини. Сепак тој деновиве е под остра критика на јавноста што се согласил на каква и да е адаптација под притисок на руските цензори.
Њујорк тајмс објави дека САД успеале да упаднат во руската енергетска мрежа и да постават малвер способен да го наруши нејзиното работење, кој ќе седи таму како мерка за одвраќање на Русија од сајбер-напади против САД. Во реакцијата Кремљ не изгледаше многу предомислен, туку порача дека дури и таква закана е поверојатно да донесе до војна отколку да ги пишмани.
Првите обиди за упад се направени во 2012, на сред од мандатот на Обама, и нема докази дека во тоа време хакерите на американската влада успеале да изгасат некој дел од електричната мрежа. Со доаѓањето на Трамп стратегијата преминува во отворен напад во кој сајбер силите на САД успеале да вметнат свој малвер во електричната мрежа и во други мети, открива Њујорк тајмс.
Барањето на Иран за купување на одбранбениот систем било одбиено главно затоа што Русија е свесна на напаленоста на сегашната американска администрација да отвори уште една војна во Персискиот залив.
Во интервјуто со Блумберг, Рен Женгфеи зборува за сите проблеми што го затекоа последниве месеци и тоа што му наметнаа статус на негативец во светот. Од негова гледна точка Американците и Трамп се љубоморни што Хуавеи отишол толку напред.
Пред три недели првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, започна со истрага како и зошто воопшто дошло до тоа Роберт Мулер да спроведе истрага против американскиот претседател. По пат на помош ги викна и ЦИА и ФБИ.
Првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, по разгледување на извештајот на Милер објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека кампањата на Доналд Трамп ниту кој било негов советник не соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016.
Во Канада (на барање на САД) е уапсена финансиската директорка на компанијата, во САД против компанијата се покренати кривични обвиненија, низ западниот свет 5Г технологијата на Хуавеи се корне од мобилната инфраструктура.
Марк Галеоти е автор и експерт на тема руска политика и криминал, чија главна порака од сета таа експертиза е дека Западот комплетно погрешно го има протолкувано Путин како и комплетна Русија.