Најдобро е во моментов да се укине Уставот на САД за да се поништат резултатите од претседателските избори 2020 и Доналд Трамп да се врати на власт во Белата куќа, препорачува Доналд Трамп.
Сериозно цела Америка го знаеше човеков и пак го избра да им биде претседател, па дури можеби и ќе го репризира на уште четири години во 2024. Клипот е од 2004, од времето кога СНЛ уште го сакаше Доналд Трамп.
Њујорк Тајмс упорно одбива да сфати зошто Трамп сè уште постои на сцената па смета дека на луѓето не им е доволно јасно дека тој е булшит. Мат Таиби уште поупорно им плеснува: Знаат тие дека Трамп е булшит, ама знаат и дека вие сте бетер од него.
Откако во средата не се случи очекуваниот „црвен бран“ и создавање на републиканско мнозинство во Конгресот, на Доналд Трамп сите му се виновни, посебно луѓето кои го туркаа Оз за кандидат во Пенсилванија. Меѓу нив и Меланија.
Само што Бајден пролетоска изјави дека Путин не смее да остане на власт, во порака која Вашингтон пост ја нарече „најпркосна и агресивна изјава околу Русија на американски претседател од времето на Реган“, советниците на Бајден веднаш се впуштија во ублажување и повлекување на пораката, пишува некогашниот советник на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон.
Путин се прејде за некои работи во Украина. Но, Саудиците веќе се качија на возот. Зелените прогресивци немаат слух за Европа. Сандерс, прогресивните демократи, црвените од САД - се здружија контра строгиот пропис за издавање дозволи за проекти од областа на енергетиката. А Бајден не сака да чуе. Со коментаторски жаргон, „останува да видиме“.
Можеби човекот не може да ѝ припари ни на една социјална мрежа на интернет (освен таа што сам си ја отвори), ама затоа може на свои митинзи да си го прави меракот и да ѝ пушта клипови на публиката.
ФБИ подобро да има нешто „разорувачко“ за Трамп, бидејќи во спротивно само што бевме сведоци на еден од најглупите потези во историјата на политиката, пишува Мат Таиби.
„Сè оди по планот“. Ова е изјава на Владимир Путин. Војната во Украина е во својот петти месец и тоа што крајот не се гледа, може да е истоштувачко. Меѓутоа високи функционери на Кремљ продолжуваат да повторуваат дека Русија, која добива превласт на украинскиот исток, ќе ги постигне сите свои цели.
Во едни поранешните времиња, Трамп, општоприфатен како кловн на чело на САД, им кажа на Германците дека ако не преземат нешто драстично, земјата ќе стане тотално зависна од руска енергија. Германците му се смееа во лице, а меинстрим медиумите одма пресудија дека ова тврдење на Трамп е „фејк њуз“.
Мајсторот на невкусот, човекот зад филмовите во кои драг-кралицата Дивајн се труди на сите начини да ја згади публиката е изнервиран. Заради Доналд Трамп.
Во моментот кога Маск ќе стане газда на Твитер, тој ќе ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател да се појави на платформата, затоа што истата едноставно е глупа.
Од ентузијазмот околу Бајден останато е многу малку, а веста во бројки јавно ја соџвака Си-ен-ен тој ем е со најнизок рејтинг од почетокот на мандатот, ем рејтингот му е понизок и од оној на Трамп.
Трамп бил решен и сакал на 6 јануари 2021 заедно со своите симпатизери да маршира на Капитол хил, ама тоа пицајзлите од Тајната служба не му дозволиле да тргне и го задржале.