Првото коло во Бизнис лигата го комплетираа уште и минатогодишниот финалист Лукоил кој со висок триумф стигна до три бода против Sparkasse, а ONE и ЕВН одиграа без победник.
Бранителот на титулата во Бизнис лигата беше убедлив до 10:2, а најнеизвесно беше на дуелот помеѓу ЕЛЕМ и Sistina кој електричарите го добија со пресврт.
Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.
На вториот ден од одигрувањето на натпреварите од првото коло на Бизнис лигата, вицешампионот UNIQA ја потврди фаворитската улога против МЕПСО, а победи славеа и екипите на Глобко Логистик и Гранит.