ЕЛЕМ - Sistina од два во еден
ЕЛЕМ 6-3 (1-2) Sistina
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 7’, Петко Бушески 26’ 33’ , Антонио Ничевски 31’, Диме Милевски 36’ 36’
Sistina: Горан Манов 10’, Даниел Боневски 14’, Александар Јаневски 39
ЕЛЕМ и Sistina одиграа прво полувреме со доста тактички надмудрувања, пред се во делот на нападот кадешто ЕЛЕМ го искористи Влатко Петровски како голман играч во своите редови преку кој постигна гол за водство од 1-0. Но во средината на првото полувреме Sistina преку гол на Горан Манов од невозможна позиција го изедначи резултатот и им даде елан на своите да прејдат во водство па така на полувремето резултатот беше 2-1 во полза на Sistina. Во второто полувреме искусниот ЕЛЕМ преку неколку добро изработени акции целосно го сруши отпорот на Sistina и си обезбеди мирна завршница за победна на овој натпревар со 6-3.
Шампионот Montenegro убедлив против Гранит најави одлична сезона
Гранит 2-10 (1-4) Montenegro
Гранит: Ангеловски Оливер 18’, Далибор Велковски 22’
Montenegro: Јорданчо Јакимовски 1’ 38’, Ивица Јанковски 7’ 29’ 34’ 39’, Горан Новаковски 9’ 31’, Даниел Настевски 12’, Љубиша Јовановски 32’
Минатогодишниот шампион за само 22 секунди преку Јорданчо Јакимовски го постигна најбрзиот гол во досегашниот тек на овогодинешната Бизнис Лига на Македонија против екипата на Гранит. После вакво отварање на натпреварот следеа низа реализирани акции преку кои Монтенегро оствари убедлива предност од 4-0. Гранит го искористи играчот плус во нападот и постигна погодок за да ја намали предноста на 4-1.На самиот почеток на второто полувреме Гранит притисна во нападот, даде гол со што пројави иницијатива да се врати во натпреварот, но остави дупки во својата одбрана што играчите на Montenegro со брзи контри одлично ги искористија за убедлива победа од 2-10.
МЕПСО (2-6) Глобко Логистик
МЕПСО: Братислав Савовски 13, Борис Трајковски 5’ 28’
Глобко Логистик: Александар Божинов 2’ 3’ 36’, Денис Џајков 7’ 21’, Тони Караташев 13’, Иван Стојановски 18’ 26’, Мартин Каровски 19’
Бевме сведоци на доста брз и отворен фудбал кој се играше и од двете страни но се чини дека во текот на целото прво полувреме екипата на Глобко Логистик како да имаше поголема концентрација и ги искористи сите грешки на противникот. Кај МЕПСО концентраијата беше на пониско ниво со што после ваквата игра неможеа да очекуваат поволен резултат па на полувремето се отиде со 6-2 во корист на Глобко Логистик. Во второто полувреме Глобко Логистик продолжи со одличната игра недозволувајќи му на МЕПСО да фати резултатски приклучок и го доби овој натпревар со 3-9.