Љубовта помеѓу Битлси и Дилан била еднонасочна - четворицата му се восхитувале на талентот на Американецот. Овој пак не се воздржувал да ги исмева, кодирано ама сепак јавно.
При крајот на март известивме за првата жртва на вирусот помеѓу музичарите, џезерот Ману Дибанго. За жал списокот во меѓувреме се прошири, а го вклучи и човекот кому сега му оддаваат почит Ник Кејв, Том Вејтс, Елвис Костело и целата екипа на SNL, со кои работеше четири децении.
Во Десау, родниот град на Вајл, од 28 февруари до 15 март се одвива фестивал посветен на творештвото на овој германски композитор. Мотото на овогодишното издание, 28-мо по ред, е „Што се границите?“. Тоа упатува на присилната емиграција на Вајл од Германија во 1933, но и на иновативноста на неговите дела.
Наспроти општата претпоставка, карминот бил и машка и женска работа скоро отсекогаш, а како што влегуваме воренесансата на женската еманципација и родовата флуидност, Гучи одново ги пишува правилата за убавина со оваа потценета козметичка алатка како симбол на сила и идентитет.
Уште од 1986-та, Нил Јанг и неговата сопруга Пеги секој година организираат хуманитарен концерт за Bridge School, непрофитна организација за иновативни начини на помош на деца со пречки во говорот и инвалидитет. Годинава дојдоа 25.000 луѓе и имаше многу добри музички моменти.
По смртта на Лу Рид се појавија бројни сочувства и трибјути, но на повеќето од нив како да им фалеше емотивност. Еден текст дури тврди дека никој во новинарските кругови не сакал да му пише некролог на овој „човек без шарм“. Но топлиот и благороден текст на Пети Смит ја пополни оваа празнина.
Рики Жерве, Семјуел Џексон, Миа Фароу, Салман Ружди, дури и Ватикан, беа меѓу оние кои му оддадоа почит на Лу Рид. Меѓу нив и сер Том Стопард, кој ја искористи музиката на Рид за неговата славна претстава „Рокенрол".
„Тоа ти е ко некој роман. Дневнички белешки од кои направив книга. Поминав некое време во Италија, па ете, пишував. Интимни белешки за планинарење, и тоа прво планинарење во животот. Па после као се муваш со некоја женска, добро јадеш, пиеш добро вино, и на крај од тоа излегува роман. Ма супер!"
Не дека е важно да знаете дали зад некоја песна стои вистински настан и фиљан човек на кого му е посветена за таа да ве допре, и да помислите дека е напишана баш за вас и вашата љубовна среќа/болка/чемер/јад. Ама па овие песни се толку познати, што сигурно нема да ви ги расипеме со деталите околу нивното создавање.
Музичката 2013-та не можеше да почне подобро. Кит Ричардс и Том Вејтс почнаа да прават заеднички песни а по една деценија отсуство, на сцената се врати Дејвид факинг Боуви. Не заборавајте, ова е година по онаа во која тотално изгинавме од Гангнам Стајл. Неколку десетици факти за човекот со шарени очи.
Прв пат во пишувањето на Букбокс кон една книга пристапивме програмски – едвај чекавме под рака да ни падне автор чиј несимпатичен лик ќе ни даде добра подлога да се ситиме врз неговото дело, и со тоа да ја прекинеме, барем за миг, традицијата на блаконаклони осврти.