Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот Владимир Путин објавија дека нивните земји треба да бидат „челични пријатели“, да ја засилат соработката и решително да се спротивстават на влијанието на САД.
Во долго соопштение по средбата во Кремљ, Си и Путин најавија продлабочување на односите во сите сфери, вклучувајќи ги и воените.
Си утре ќе биде меѓу државниците што од почесната ложа на Црвениот плоштад ќе ја следат воената парада по повод Денот на победата над фашизмот.
Спроти парадата Путин прогласи тридневно примирје во војната во Украина. Киев не го прифати примирјето, но денеска немало напади со дронови врз Москва, како во претходните три дена.