Сијукс Фолс е најголемиот град во Јужна Дакота. А во него има зграда која некогаш била судница, каде се слевале незадоволни сопружници во потрага по едноставен крај на своите бракови. Новинарите од 19 век го нарекувале местото „колонија на разводи“.
На почетокот на 20 век, „Доматните клубови“ биле начин младите девојки да се образуваат во областа на земјоделието, но и да се здобијат со вештини кои им овозможувале приход и поголема независност.
Читајќи ја „дебелата“ биографија на Хемфри Бартон за Бернштајн (преведена и на македонски), човек не може а да не се праша зошто до сега никому не му текнало да сними филм за овој бескрајно талентиран и необичен лик. Во меѓувреме сепак му текнало, и тоа на Бредли Купер.
На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.
Иако започнува со „инспириран од вистински настани“, новиот филм за пријателството помеѓу актуелниот папа Франциск и неговиот претходник Бенедикт XVI сепак содржи и фиктивни моменти.
Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.
„Трескавичното бладање на либералите на тема Трамп-Русија достигна статус на пародија“ е насловот на колумната на Метју Валтер во магазинот Вик, инспирирана од обемната главна сторија на новиот број на Њујорк магазин, чиј краен заклучок е дека актуелниот американски претседател од 1987 е агент на руската влада.
Во приказната за 12-те момчиња и нивниот нивниот тренер има сè што може да посака еден блокбастер: неизвесност, акција, херојство, среќен крај. Но по првичните муабети дека Американци се подготвуваат да ја адаптираат, Тајланѓаните велат дека нема да дозволат нејзино „обелување“.
Уметницата Рејчел Брин и поетесата Алисон Морз укажуваат на тешките услови за работа на текстилните работници, поттикнувајќи ги гледачите критички да се осврнат на својата потрошувачка на облека.
100 уметници од цел свет ги создавале 66-те илјади слики кои го сочинуваат филмот посветен на холандскиот сликар. Доколку би биле поставени физички во просторот, тие би зафаќале територија колку цел Лондон и Менхетен заедно.
Дејвид Франзони, авторот на сценариото за „Гладијатор" со Расел Кроу, и продуцентот Стивен Џоел Браун, изјавиле дека сакаат да го деконструираат стереотипното портретирање на исламските карактери во западната кинематографија. Како? Со тоа што Руми во нивниот иден проект ќе го игра - та-нааа - Леонардо ди Каприо!
Еден од култните затвори во САД за кој пееше Џони Кеш, во кој филм снимаше Вуди Ален и во кој лежел Чарлс Менсон и убиецот на Кенеди ги организира најинтересните тениски мечеви меѓу затворениците. „Овде тешко и Надал да победи“, вели еден од осудениците.
Каде се границите на нашата природна потреба за потчинување на авторитет и припадност на група? Колкав е нашиот капацитет за нанесување зло во име на овие „повисоки добра"? Тоа се темите со коишто се занимава oвој филм, правен според реален социјален експеримент, чии резултати се применливи и сега и тука.
Колку варијанти на дистописки книги претворени во филмови, кои зборуваат за тинејџери кои го предизвикуваат системот со своите востанички потфати можете да поднесете? Што се однесува до нас, ако главниот лик е женско на граница на супер-херој, колку сакате. Па уште ако вешто ракува со студено оружје...
„Посетители“, новиот филм на овој автор кој не сака да се нарекува ниту авангарден, ниту режисер, се состои од долги и бавни прикази на човечки лица, кои гледаат директно во нас.
Клајв Овен и Никол Кидман во HBO филмот за еден од најпознатите книжевни парови во историјата, во режија на Филип Кауфман („Неподносливата леснотија на постоењето", „Хенри и Џун").
Стариот мој е поболен по белградски Партизан, јас пак прво лице множина користам единствено за МЗТ Скопје а душичката и на 7.000 милји од дома ми трепери кога победуваме, па знам што значи да сакаш тим. Јужњаците се будат и заспиваат со американски колеџ фудбал и секој меч е церемонија и додека утакмицата трае, на улиците е штама.