Значителен дел од анкетираните американски гласачи сметаат дека и двајцата кандидати треба да направат тест за користење на најразлични дозволени и недозволени супстанци пред дебатите на 27 јуни и 10 септември.
Ако молневитата реакција за интервентно снабдување на Израел со најново оружје и муниција не беше доволна за Америка да покаже како може кога сака, сега Украинците треба да разберат дека за Бајден е поважно да се види со Џорџ Клуни отколку да присуствува на мировниот самит за Украина.
Луѓето треба да ја „прифатат реалноста“ дека Бајден е стар човек, и да го надминат тоа и да се фокусираат на поразување на Трамп, е пораката на Хилари Клинтон до сонародниците.
И покрај одредени обиди, Американците за избори најверојатно ќе останат заглавени со Трамп и Бајден како кандидати. Тоа не значи дека и двете страни не може да се надеваат на чудо кое ќе ги спаси од сопствениот или туѓиот кандидат.
Во 11:25 по источно време (17:25 по македонско), Асошиејтед прес објави дека Бајден победил во Пенсилванија, и со тоа дека ги освојува и изборите во САД.
Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.
Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.
22-ри октомври е третата (технички втора) и последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред американските претседателски избори во ноември, а со тоа е и последна шанса за двајцата да се покажат барем пред своите кога и онака никој не се обидува да ги придобие тие од карши.
Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.
Бајден моментално има значителна предност на најголемиот дел од анкетите, а Трамп и понатаму е под опсада заради задоцнетиот и неадекватен одговор (за најбогатата земја на светот) на коронавирусот, и во ваква ситуација, на денешен ден, инвеститорите и кладилниците, предност му даваат на Трамп како победник на претседателските избори во САД.
По поразот на Супер вторникот, Сандерс целата надеж ја стави на вчерашното гласање во кое демократите од 6 американски сојузни држави го даваа својот глас. До сега Бајден освои 3, а од уште 3 се очекуваат резултатите.