Лидерите на 4-те најмоќни економии во Европа имаат вкупно 0 деца

Меркел, Меј, Макрон и Џентилони немаат свои биолошки деца, забележува американски Вик, дополнувајќи дека ако ништо друго ова значи дека не може да се случи да го сместат своето потомство на политички позиции.

Од друга страна аргументот на Њујоркер е дека токму заради ваквата состојба на лидерите на Германија, Британија, Франција и Италија, им е помалку гајле за иднината, што беше еден од аргументите на Ле Пен против Макрон.

Ако им броиме по дома, ситуацијата е следна, сите се во брак и:

- Меркел има два посвоени сина.

- Макрон ги има децата на Брижит од претходниот брак.

- Тереза Меј како и Паоло Џентилони воопшто немаат деца.

Други вакви случаи во Европа на лидери без деца се премиерите на Холандија, Шведска и Луксембург.

Наспроти нив, актуелниот американски лидер, Доналд Трамп, има 5 деца од 3 брака.