Јас лично се чувствувам ограбена, изневерена, манипулирана од овој "стабилен" систем, а макотрпно штедените пари во текот на 25 години, пропаднаа во тој "стабилен" систем. Систем за кој континуирано бевме убедувани од страна на НБРМ дека функцонира и дека тие - НБРМ работат во и за наш интерес, за интересот на граѓаните од чии пари живеат. Ние граѓаните испаднавме жртви само затоа што верувавме. Верувавме и затоа што во Еуростандард Банка штедеше и првиот човек на МФ - самата министерка за финансии.