Први јануари 2021
(Ако го разбираш ова, стар си за неа )
12ч. 25 минуити. Иако како битолчанец, издресиран сум да се конформирам во лажната малограѓанска слика дека сме дел од „свето“ – со редовното следење на новогодишниот „виенски“ концерт, оваа година, убавото време и вградената мрза да барам онлајн стриминг (неаме ТВ) ме натера да излезам и да го помочам песот покрај Вардар. Не зажалив.
Покрај гужвата од кардиолошко освестени, Вардарот е полн рибари во овој период од годината, од ним познати причини. Двајца, 50+, на некое метро дистанца, фокусирани на тапите ко партиски бот на твитер, со 3 дена бради, цигара што сама догорува во уста, без да тргне поглед од водата, едниот вели: Ја ебаа рекава брат, ова веќе ни љубљански конзилиум не го оправа!
Прво: јако е ф’крај!
Второ, смешно е бе, така? Рибари ебате, конзилиум? Љубљана?
(појаснување, за сите родени од ‘75та наваму. Едно време, така почнуваа сите вести, негде од јануари до мај 1980 година, со извештај на лекарскиот конзилиум од Љубљана, каде што беше легнат најголемиот син на нашите народи и народности, детето-џин, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Републија Југославија, другарот Јосип Броз – маршалот – Тито.)
Трето: после точно 40 години, за нашиот обичен човек сè уште не постои посоодветно ултимативно тело за оправање на нештата, од јебениот љубљански конзилиум! Па мајку вам божју! Тоа самото по себе говори доволно на кое дереџе сме дојдени, колку сме ја ебале работата и дека има многу зајре во оние мемињата кај што се вели тоа што стариот го изгради, овие мочковците сега не можат ни да го окречат.
Четврто: ноншалантноста на тонот на кажаното, помирувањето со ситуацијата и очекувањето дека некој од горе, некој љубљански конзилиум треба да го реши ова. Имено, да, Вардар е гнаса гнасосана. Од мостот Обединети Нации до Ацо Палас, од погабаритниот инвентар има неколку седечки гарнитури, една када и едно Џакузи, од јуни наваму, и фала Богу, си стојат таму како дел од инвентарот. Тоа беше незамисливо во време на диктаторот.
Петто: пркосот на луѓето. Не знам да елаборирам поконкретно, ама верувам на сите нас некако препознатлив, на сите што сме натерани во дупки, со сјебано достоинство и без компас и вага да премериме и да имаме барем илузија на кај да тераме. Не знам поинаку да го објаснам, ама осеќам во тонот и во содржината, стои една нитка на пркос, на шо-ги-ебаам овие неписмениве што се замишљаат... и не дупат у здрава памет – ноушан – да видиме скобалот дали работи денес. Еден дишпет, микс од апатија и куроболие а сепак некуроболие...
17то: во целиот исказ, сосе тон, говор на тело и содржина, за мене има една таква балканштина, една лепота која не можам да му ја објаснам на човек погоре од Сава, ниту на Бугарин или Румун... колку и да звучи навидум сето јадно и бедно, мене ми го напраи денот. Ако сте премлади за мераков, нит знам како да... нит ми се објаснува.
Среќна нова на сите.
Сашо А.