Повод: Шефицата на КАРИЛ предупредува: Во колапс се здравствените работници
@Маја Мојсова
Секоја чест за постојаната борба последниве три месеци.
Со Вас заглавивме кога од почеток на пандемијава не се организиравте: трудници, деца, бебиња, хематолошки пациенти, онколошки пациенти... сите најранливи категории беа приморани за резултати и извештаи лично да доаѓаат на клинички центар - затоа што ВИЕ не се организиравте и доведовте во ризик голем број пациенти.
А тоа што слушате жалење и плукање по медицинскиот персонал тоа не е ништо ново и е далеку пред пандемијата да започне.
Мал милион случаи кога медицинскиот персонал бара мито, кога прави неприфатливи грешки без никој да одговара, кога не е присутен на дежурство, кога под дејство на алкохол и недозволени супстанции прави зафати и операции, кога нема елементарни услови и надоместок за работа а протестира за 300ден паркинг.
Еве ви и лични примери:
1. кога беше актуелен свинскиот грип цела клиника бегаше од мене, на докторите им беше страв да ме прегледаат. ДЏве недели со 40 температура не ме примаа на клиника и ме лечеа со тамифлу (погрешна дијагноза); ВИЕ ме оставивте да умрам.
2. кога пред неколку години ја повредив ногата добив две различни дијагнози и три различни терапии: инекции од 300-600 еур годишно, мирување и вежбање на мускулот и операција (за да не го изгубам коленото). ВИЕ не бевте обучени за дијагноза.
3. минатата година доктор го уби мојот најдобар другар, од невнимание/нехигена - со денови со сепса во домашни услови го клукаше со седативи. аутопсија не направивте, докторот (на кој не му беше прва „грешка“) уште работи. ВИЕ го убивте мојот другар.
Политиката е курва: министрите, директорите, управниците се времени - ВИЕ, докторите, сте системот; колку што сме среќни уште повеќе сме несреќни што ве имаме.
Затоа пред да плукате и да се жалите од пациентите, зачистете си го својот двор.
поздрав,
ПациентО