Итно Соопштение од Вашата Влада ..
На денешната седница, Вашата Влада по итна постапка поднесе историски, револуциноерен предлог Закон до Собранието, со кој се менува текот на справувањето против ова зло со кое се соочуваме и ја вивнува Македонија на врвот на светската борба против истото.
Со цел да им помогне на докторите кои се борат во првите борбени редови, а воедно да ги мотивира немотивираните, Вашата Влада поднесе фантастичен предлог Закон за Укинување на Природниот Имунитет од службена употреба во медицината и животот воопшто, со кој се укинува природниот имунитет стекнат по прележување на заразна болест, односно во службена функција останува само имунитет стекнат по пат на вакцинација, најверојатно.
По кратка и плодна расправа во Владата на иницијатива на Министерот за Здравство, Премиерот и министрите беа воодушевени од истата и ургентно се согласија дека станува збор за очигледна работа за која нема потреба да се сослушаат мислењата на нашите професори и доктори од областа и вековните искуства во медицинската и фармацевтската наука и нема потреба од губење време во читање научни студии од некои-си-таму научници, професори и останати кои цел живот си го потрошиле на науката. Имено, Министерот за Здравство во носењето на одлуката се носеше од непобитниот научен факт, од медицината базирана на докази и фармацијата базирана на профит, дека очигледно се верува дека до завршувањето на постклиничките студии за безбедноста и ефикасноста на вакцините во 2023 година, само имунитетот стекнат по примени ( во моментов се верува 2 до 3, а не се знае колку вкупно, а од извори блиски на Министерот за Здравство најверојатно два-тринаесет до 15) дози, обезбедува можност за враќање на животот во нашата мила драга сакана македонска Република во нормала.
"Токму затоа, ние мора да бидеме неколку чекори пред непријателот и да праземеме одлучни и храбри чекори ако сакаме да излеземе на крај со ова зло" - посочи Министерот.
Воедно, по изгласување на новиот Закон за Укинување на Природниот Имунитет( Вашата Влада се надева дека после жестока дебата во законодавниот дом, најмалку 118 пратеници сепак ќе имаат доблест и визија за здравјето и безбедноста на луѓето кои им го обезбедуваат удобниот живот и патни трошоци), се задолжува секретарот на Собранието да ги извести сите научно-истражувачи центри, факултети и останати институции од областа на медицина и фармација во земјава и странство за носењето на храбрата одлука на Собранието по предлог на Владата по предлог на Министерот за Здравство. Поради итноста, Законот е веќе испечатен во Службен Весник.
По завршување на седницата на Влада, Министерот за zдравство имаше спремно кратко видео обраќање до јавноста во кое изрази огромна благодарност до новинарите за нивната пожртвувана сојузничка работа за време на кризата која нè снајде, со надеж дека ќе продолжат да си вршат работата како и до сега, т.е. да не се мешаат во својата работа. Поточно, во овие критични моменти на битка, да си се држат само до соопштенија, а да не губат драгоцено време во истражувачко новинарсtво и општествени и стручни дебати.
Имаше порака и до докторите и научниот кадар во нашата држава, кои се во првите борбени линии. "Доколку почувствувате некоја нелагодност или напнатост или покачен крвен притисок по носењето на новиот Закон, посебно кога ќе си ја погледнете дипломата, да не се грижите, тоа е вообичаена и очекувана појава, која бргу ќе ви помине. На толку илјади доктори, забележани се минимален број на трајни последици од истата. Самите веќе добро знаете дека медицината базирана на докази и фармацијата базирана на профит има широка лепеза на лекови за таквата состојба."
Тој не ги заборави и поглаварите на верските заедници и упати апел до нив за молитви за успех на Новиот Закон, бидејќи нивните молитви ќе бидат од непроценливо значење до крајот на 2023 година, а секако и понатаму.
Видно возбуден од историскиот момент во кој ја донесе нашата Република, со огромна радост соопшти и дека Вашата Влада нема да застане тука во борбата на ова столетие. Со еден храбар чекор не се добива битка. За следната владина седница се подготвува нов предлог Закон за Промена на Таблицата за Множење, со минимални интервенции во операциите собирање и одземање со цел унапредување на математиката во статистичките операции во медицинската наука за борбата со моќниот непријател.
Министерот нагласи исто така дека во тек е и подготовка и организација на "Семинар за ефикасна администрација" кој ќе се одржи во соседна, пријателска, сојузничка Бугарија, на кој нашите административци ќе имаат прилика од прва рака да ги чујат искуствата на нивните колеги од претходната админiстрација во справување со потенцијални пациенти и доктори кои не почитуваат нови закони, прописи и мерки. Стекнатите знаења нашата администрација, меѓу другото ќе ги искористи и за допрецизирање на казнената политика во врска со непочитување на Новите Закони и благовремено ќе ве информираме за истата.
Битката продолжува до конечна победа над непријателот.
Пецо Гроздановски