Кладбени писма на читатели

Здраво Трендо,
Вчера имав страшна дебата со мојата девојка што паднаа кладби и работава стигна до тебе.

Имено,  јас како новопечен  ’’господар на перењето’’ (не дека е тоа голема филозофија ама ај),  сè уште примам совети што и како треба да се прави.

Вчера ама, девојка ми ме прати по течен прашок за перење.  Првин  мислев дека се шегува, сама да ме избрука во продавница, но потоа се отвори вистинска дебата околу тоа, паднаа кладби, итн. Јас велам дека не постои течен прашок, а она ме прави глуп.

Почнаа да летаат имиња од другарки кои можат тоа да го потврдат, а јас упорно стојам на тоа дека може да постои течно средство или течен детергент за перење ама не и течен прашок,  зошто прашок е прашок!

На крај, победнички ми праќа линк од online продавница во Македонија каде официјално се продава течен прашок за перење. И не е само еден, само човек да изгугла ’течен прашок за перење‘  и ете ти еден куп сајтови кои продаваат ТЕЧЕН ПРАШОК! OMG! 

Полека, осеќам како ми се нагризува интелегенцијата, ѝ реков дека денес ќе ти пишам на тебе и или ќе се најде себе си на Офф.нет (ако не друго, барем смешнава online продавница) или го прифаќам поразот.

Бај‘д’веј , кладбата не беше мала.

Со почит,
Иван Богојоски,
перачот

********
Мислења, коментари и пресуди можете да оставите на Фејсбук објавата на ова писмо.

30 септември 2021 - 08:40