Читателски писма од Попова Дрисла

Како што периодов се актуелни објавите за посетеноста на нашиов бисер во ек на сезона - дека вака не бил посетен последни 20-30 год и какви само не проекти не биле предвидени за негов развој, глава да те фати.... во ист толкав период колку што сум редовно присутен таму, јас волку ѓубриште немав видено насобрано на куп сè до вчера..

Здраво дечки,

Во прилог две слики и две три реченици, во случај да ви се видат интересни и вредни за објава.

Сликано денес (11.01.2021) на Шапка, или Попова Дрисла.

Едино како за илустрација, како што периодов се актуелни објавите за посетеноста на нашиов бисер во ек на сезона - дека вака не бил посетен последни 20-30 год и какви само не проекти не биле предвидени за негов развој, глава да те фати.... во ист толкав период колку што сум редовно присутен таму, јас волку ѓубриште немав видено насобрано на куп се до вчера..

Да е трагедијава поголема (за оние кои можеби не знаат), ова е на локација која буквално секој посетител макар дошол и на саат време, мора да ја одмине. А да е уште поголема, ова е слика што ја начекувате у понеделник попладне кога горе е релативно празно и проодно.. Па ај ако до некаде сабота/недела и е разбирливо да се види ова (према МК критериуми за нормално..), во понеделник после пладне стварно не ми паѓа на памет ни едно разумно објаснување зошто е вака спектакуларно како што е.

Колку само отпад има тука секој сам нека пресмета, само за помош - во лимениот заграден дел има накај 6-7 контејнери кои не може да се видат. Од разбирливи причини.

Поздрав и продолжете да си бидете уникатни,
Бојан

 

12 јануари 2021 - 20:25