Писма на извозени читатели

Како изгледа охридско комбе во време на пандемија, кога газди ги терааат шоферите да плаќаат од свој џеб ако не ја постигнат тарифата по која му се исплати да превезува патници.

Здраво Трендо како си?

Во Охрид сум (31 јули 2020), чекаме комбе за одење на плажа.

Само да ти ја доловам атмосферата, не бил шоферот крив туку газдата, ги терал да преполнуваат комбиња и со помалце од 1.200 денари промет да не тргаат. Инаку шоферите си плаќале од џеб ако не ја направат тарифата.

За срамота, сообраќаецот гледа и дреме како мисир, а знае дека во јавен превоз е дозволено само 50% патници од капацитетот.

Голем поздрав,
М.

2 септември 2020 - 22:57