Здраво Трендо,
Очајно ми треба твоја медиумска помош. Се работи Џевахир Скај Сити и грабеж кој ни се прави на голем дел од станарите кои живееме тука. Се работи за огромните сметки кои ги добиваме 50тина станари за кој - кај мене за 59 квадрати грејна површина - стигаат и до 8500 денари зиме и лето. Ова како што напоменав не е само кај мене кај други соседи стигаат сметки и на 200-300 евра. Освен тие сметки што ги добиваме, ние добиваме и сметки за одржување што во мојот случај значи 2500 денари. Доколку се исклучам утре и инвестирам во економичен систем за греење кој би ми ги намалил сметките 5 пати, има можност куќниот совет да си донесе одлука да си плаќаме ние како исклучени корисници пак некој паушал за кој ќе се прави математика на лице место.
Иако знам дека овој дел не ти е во бранша меѓутоа се обидов кај сите медиуми кој прават статии и истражување и бев изигнориран од истите. Се надевам дека Џевахирци ќе си го оправат нивниот проблем ќе добивам сметки како другите нормални станари од 1.500-2.000 или пак ќе бидат притиснати да ми дадат начин како да се исклучам и да не ме афектираат понатамошните постапки на куќниот совет.
Една од главните причини поради кои го купив станот е освен преубавиот поглед кој го има зградава е и нивниот систем за греење и ладење, како и ветуваната бесплатна топла вода во било кое време.
Малку технички: системот кој е вграден се нарекува ХВАЦ и е хотелски, а воедно и не е калибриран како што треба. Тој функционира, кој прв се пуштил на спрат тој ја подига единицата за цел спрат, а тое е околу 30 киловати. Што помалку луѓе на спрат сме и што помалку го користат, тоа е поголема сметка и за крај за да функционира односно грее и лади нормално треба да се пуштат најмалку 30% од станарите на спратот.
Во кула Б е истиот проблем, меѓутоа поучени од приказната за кула А и кула Б, дечките ставиле комплетно различен систем во кула Ц. Инаку и тука има решение само некој треба да се позамара и тие што плаќаат околу 1.000 денари сметка треба да плаќаат 1.500-1.600 денари на сметка за и ние кои имаме огромни сметки да ни бидат нормални, а тоа е да се вклучат и калибрираат како што треба единиците кои ги исполнуваат тие 30%, а тоа се единиците за свеж воздух како и единиците за греење и ладење на влезот. Зошто напоменав калибрација, поради тоа што кога се пуштија тие единици, сметките горе-доле се израмнија, а летово конечно се оладив како што треба, се подобри квалитетот на работа на системот за 100, поради тоа што го пуштија системот да работи како што треба 30% најмалку цело време работеше. На крај краева проект инжињер го креирал системот, а не фирма за чистење или јас.
Оливер Јордановски