Писма на еколошки извозени читатели

Некој би рекол, одлично, со оваа набавка ќе се зголеми капацитетот на ова јавно претпријатие и ќе се зголеми хигиената на Град Скопје, но правото светло на оваа набавка се гледа дури откако ќе се прочита тендерската документација.

За жал, големата загаденост на воздухот ми беше инспирација за да Ве информирам за еден тендер (Број на оглас: 13368/2020 ) кој е моментално актуелен во ЈП Комунална Хигиена Скопје, за набавка на, ни помалку ни повеќе туку 47 специјални комунални возила и останати возила, а со процената вредност на договорот за јавна набавка од 224.500.000,00 денари.
 
Некој би рекол, одлично, со оваа набавка ќе се зголеми капацитетот на ова Јавно претпријатие и ќе се зголеми хигиената на Град Скопје, но правото светло на оваа набавка се гледа дури откако ќе се прочита тендерската документација.
 
Во неа веќе вообичаено за ова Јавно Претпријатие се фаворизира конкретен производител / понудувач на возила, што резултира со понуди кои не се намалуваат со електронска аукција, но за најголемо разочарување е ниското ниво на еколошка свест и на техничкиот речник со кои се опишани бараните возила.
 
Барањето за еколошки стандарди за овие возила, кои главно ќе гравитираат низ градските средини е скандалозно затоа што за некои групи на возила не е ниту побаран минимален стандард за емисии на загадување, некаде е побаран застарениот стандард Еуро5 кој е забранет во ЕУ од 2014 година, а само за 5 возила е побарано да исполнуваат Еуро6 стандард.

Градскиот Татко се фалеше дека набавил 33 супер еколошки автобуси, а сега?

За нивото на техничкиот речник користен во тендерската документација Ве оставам сами да се уверите во дел од техничките барања подолу:

ГРУПА 1

  • Специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад од 1,1 и 5м3 - комбинирка со капацитет на надградба до 20м3 во количина од 5 парчиња.
  • Емисии (Загадување): мин еуро 5
  • Завесата да се лизга со чевли од полиамид поврзани со лесно монтажна структура, отпорна на абење и киселини.

ГРУПА 2

  • Специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад од 120 литри и 1,1м3- комбинирка со капацитет на надградба до 16м3 во количина од 5 парчиња.
  • Нема барање за мин. Еко норми

ГРУПА 3

  • Специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад со капацитет на надградба до 5м3 во количина од 10 парчиња.
  • емисија на издувни гасови ЕУРО 5 или еквивалентно

ГРУПА 4

  • Специјално комунално возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад со капацитет на надградба до 1,5м3 во количина од 5 парчиња.
  • Емисии (Загадување): Еуро 6
  • Резервоар за прочистување и заштита на моторот

ГРУПА 5

  • Самоподигнувачи - носивост до 7 тони во количина од 5 парчиња
  • Емисии (Загадување): Еуро 5
  • Светло при приближување кон возилото
  • Краток браник
  • Подмачкани зглобови (на тркала)
  • Максимална носивост на возилото намалена за тежината на самото возило: мин 7900 кг

ГРУПА 6

Товарно моторно возило кипер со капацитет на товарниот сандак до 16м3 во количина од 2 парчиња.

  • Емисии (Загадување): Еуро 5
  • Светло при приближување кон возилото
  • Краток браник
  • Подмачкани зглобови (на тркала)

ГРУПА 7

  • Машина за метење на јавни сообраќајни површини-метлачки до 1,5м3 во количина од 10 парчиња

ГРУПА 8

  • Цистерни до 10м3 во количина од 5 парчиња
  • Емисии (загадување): мин Еуро 5
  • Механизам за пренесување моторна механичка сила на друг дел од опрема
  • Светло при приближување кон возилото
  • Резервоарот за вода да биде произведен на начин на кој ќе биде лесно да се отстрани од возилото.
  • Целиот резервоар да се загрева правилно од внатре и од надвор со снабдување со гас.
  • Да биде изграден и систем на базен за да се спречат поплави во резервоарот

* меилот познат на редакцијата

28 октомври 2020 - 10:54