Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
Во петокот вечер, во најдобрата мексиканска лига, играа Депортиво Веракруз и Тигрес. Откако цела недела се шпекулирало дали играчите на Веракруз ќе го играат мечот поради тоа што не земале плата со месеци, натпреварот почна и имаше чуден тек. Домашните им пуштија 2 гола на гостите во знак на протест.
Мајсторот се врати на терен, за пријателскиот меч меѓу Индепендиенте Санта Фе и Атлетико Насионал во колумбискиот град Богота. Бразилецот покажа дека и на 39 години ја поседува магијата.
Лоши вести пристигнуваат за довчерашниот клуб на Несторовски и Трајкоски, тоест најлоши. Симпатичниот сицилијански клуб со антипатичен газда, згаснува.
Втора руска лига, играат Сатурн и Химик Арсенал. Уште не почнат дуелот, домашниот голман Арби Межиев излетува како да е поднапиен, а гостинскиот напаѓач Изотов шутира како веќе да е пијан.
Додека сите познати спортисти на поодминати години им раскажуваат на своите внуци колку биле славни на времето, на бразилскиот центарфор кој игра во Астон Вила нема да му треба многу време. Децата ќе го памтат како „талентираниот шпиц“.
Ние уште на северна не сме се навикнале, а овие од Веспрем каша попара направија на Твитер. Утре ќе барале одмазда, не против македонскиот, не против европскиот, туку против јужно-македонскиот првак. Бришете тоа, да не ви рипнат овие јужно од нас.
Рафа Маркез дува една топка која на прва изгледа безвезна. Ама, тука е чичко ви Роналдињо, која со два потега прави 100% шанса за гол. Ако приемот за коментаторот е „аааа мадре миа“, тогаш што да се каже за додавањево?
Шпанската национална гвардија привела четири лица кои ги ограбиле домовите на познати фудбалери кои живеат во Мадрид. Сите се со албанско државјанство.
За местенка, некои газди на клубови се спремни ако треба и да го ослабнат сопствениот клуб само да го шитнат мечот за тие пусти пари. Каква балканско - мафијашка лакрдија беше ова. Работава одете во Русија да видите дали сум таму.
Со 8 гола и 2 асистенции на 11 меча досега сезонава, Садио Мане потврдува дека е еден од најдобриот офанзивни фудбалери на светот денес. Неговата годишна плата во Ливерпул е проценета на 6,5 милиони евра, така што може да си приушти буквално што ќе посака. Ама не е таков.
Следното лето во 2020, освен во Европско првенство во фудбал, ќе се ужива и во Олимписките Игри кои ќе се одржат во Јапонија. Ама за спортистите нема да биде баш најпријатно, затоа што се очекува во Токио да „врие асфалт“ следното лето.
Франк Рибери, кој од летово игра во Фиорентина, на својот Твитер објавил слика од себе на новата ФИФА2020 и напишал „Играв FIFA2020 со децата пред некое време. Хеј @EASPORTSFIFA... Кој е дечково?“
Меѓу другите прашања за плејофот против Минесота, за договорот, за 30-те постигнати голови, новинарите го прашаа Златан и дали е свесен дека одново неговиот дрес е најпродаван поради неговата популарност. „Камо среќа да имав 50% од тоа“, се насмеа Ибра.
Бразилецот полека ги смири страстите кои во Париз ги предизвика со упорното инсистирање да се врати во Барселона. Навивачите го пцуеа, го гаѓаа со разни предмети, дури и не славеа негов гол за ПСЖ. Ама како одмина времето од летово наваму, пак го засакаа.
Најсекси дриблинг еден на еден. Најнепредвидливите движења еден на еден. Најјакото мешање еден на еден и сè нај нај нај. Ја поништи без да ја пипне топката. Каква царица.
Не успеа уште во првата сезона да им го донесе пехарот во ЛШ, ама затоа со реномето и влијанието во светски рамки, едноставно ја подигна економијата во клубот, која и онака им беше силна.
Во предсезонската пријателска меѓу Лејкерс и Голден Стејт Вориорс во „Стејплс Центар“, Џавал МекГи направи неспортски потег, кој барем за сега не е забранет во кошарката и во иднина други би можеле да го искористат.
Оркестар, залетан јуришнички, топ не го бие, не па двајца голмани што си подаваат на загревање. Виљареал, „Естадио де ла керамика“, некаква си прослава и манифестација.
Ерменски парламент. Арарат Мирзојан од блокот Јелк и Лена Назарјан, негова сопартијка, запалија бакљи среде говорница, во знак на протест кон нивните политички противници.
Во кошаркарскиот Еврокуп, Хувентуд со 85:82 ја победа турска Дарушафака, а кошот за триумф од буквално три четвртини од теренот го даде Словенецот Клемен Препелиќ.
Во квалификациите за Европско првенство 2020, Романија на домашен терен ја пречека Норвешка и мечот заврши 1:1. Поради суспензијата која што УЕФА им ја врачи, Романците не пуштија карти во слободна продажба, туку по дозвола од УЕФА пуштија 30.000 деца на стадион.