Оваа криминална група пљачкала повеќе од една година. Еден од нив во 2007 година веќе лежел во затвор поради вооружен грабеш и напад на некој шпански бизнисмен.
Вестите за ограбени домови на познати фудбалери станаа многу чести во последните година ипол. Само во последните неколку месеци два пати бил ограбен домот на фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Томас Парти. Првпат кога бил во Москва каде играл натпревар од Лига на шампиони против Локомотив Москва, а вториот пат кога гостувал со Атлетико кај Ваљадолид.
Првиот пат во вилата на Парти била домашната помошничка, но крадците тоа не ги спречило да одземат многу скапоцени вредности. Вториот пат дома било семејството на фудбалерот но и тогаш не се откажале од грабежот.
Парти не е единствена жртва на оваа криминална банда. Пред неколку месеци крадците го ограбиле домот на Каземиро, Бразилецот од Реал Мадрид и тоа пред неговата жена и дете. Го ограбиле додека Каземиро играл вечерта против Атлетико Мадрид.
„Се надевам дека тоа веќе никогаш нема да се повтори“, изјави следниот ден Зинедин Зидан.
Во јуни годинава ограбен бил и домот на Алваро Мората (во моментот на грабежот дома биле жена му, детето и мајката на жена му, за среќа никој не настрадал). Албанската група направила хаос и во три други вили на познати фудбалери - Лукас Васкез, Иско па дури и Зинедин Зидан.
Крадците биле добро организирани, еден од нив постојано чувал стража. Најчесто изнајмувале автомобили и се маскирале за да не ги препознаат видеокамерите.
Дел од украдените скапоцени предмети успеале да ги продадат, но голем дел е и пронајден од полицијата и ќе им биде вратен на фудбалерите. Парти имал среќа што ќе ги добие назад медалот за второ место во Лига на шампиони и неговиот пасош. Меѓу најдените вредности се и 10.000 евра како и часовници и вреден накит.
Шпанската полиција соопшти дека четири лица се приведени и притворени чекаат судење, а петтото лице успеал да побегне од Еврозоната, најверојатно назад во Албанија, па Шпанците веќе објавиле меѓународна потерница по него.
Во изминатите година и пол, мета на грабежи биле вилите на Мората, Бензема, Пике, Самуел Имтити, Жоакин Санчез, Рамиро Фунес Мори, Вилијам Карваљо.