Над 20.000 дечиња ја пееја романската химна на стадион

Во квалификациите за Европско првенство 2020, Романија на домашен терен ја пречека Норвешка и мечот заврши 1:1. Поради суспензијата која што УЕФА им ја врачи, Романците не пуштија карти во слободна продажба, туку по дозвола од УЕФА пуштија 30.000 деца на стадион.

Романците беа многу близу до тоа конечно да ја престигнат Шведска на табелата во борбата за второ место во квалификациската група и да обезбедат пласман на Европско, но примија гол од Норвешка (1:1) во судиското продолжение и останаа трети, зад Шпанија и Шведска.

На „Националниот стадион“ во Букурешт, имаше многу повеќе солзи од вообичаено, затоа што меѓу 29.854 гледачи, најмалку 27.000 биле деца.

Еве како изгледаа трибините на дуелот Романија - Норвешка:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Gol Mitriță!

A post shared by Luca Pastia (@lucapastia) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Meciul copiilor

A post shared by Luca Pastia (@lucapastia) on

Романците беа казнети поради тоа што на натпреварот со Шпанија во претходното коло, навивачите од трибините фрлаа пиротехнички средства на теренот и разни предмети кон противничките фудбалери.

УЕФА им дозволила да даваат бесплатни билети на деца до 14 години.

До крајот на квалификациите, во ноември Романија ќе игра со Шведска дома и со Шпанија на гости во само 3 дена. Тогаш ќе треба да се знае патникот на Европско заедно со Шпанија. Швеѓаните ги чека гостување во Букурешт и домашен дуел со Фарски Острови.

 

17 октомври 2019 - 10:26