Offside

Новак Ѓоковиќ сакал да сними документарец за себе од 2017-та, уште пред да стане најголем и пред да ги прати во пензија сите свои најголеми ривали. Тој и неговата екипа долго не можеле да најдат кому да го доверат проектот се додека во 2020-та Новак не го изгледал врвниот документарец „Последниот танц“ за Мајкл Џордан и славниот Чикаго Булс.

Најболна навреда во историјата на шкотското дерби, навивач доживотно избркан

Фудбалерите на Селтик во неделата го победија најомразениот ривал Ренџерс на неговиот Ајброкс со 0:2 и со 12 бода се осамостоија на првото место.

Хајлајтс од шамарот на Федерер на УС Опен

По осум меѓусебни пресметки, Григор Димитров конечно успеа да го совлада Роџер Федерер и со тоа да направи огромно изненадување на четвртфиналето во Њујорк. Бугаринот губеше 2:1, но машки се избори за пресврт против швајцарскиот ас (6-3, 4-6, 6-3, 4-6, 2-6). Во еден момент пожртвувано направи и шпага за да му земе поен.

Браво девојко

Ги имаме Снајдер и Ван Перси, ама во женска верзија со една хируршки прецизна комбинација која не се гледа така често во женски фудбал. Секоја чест и за двете. Шах - мат им направија.

Малку фалеше за сензација на Светско, Америка се спаси со Турција

Кошаркарската репрезентација на Турција беше на праг од огромна сензација, имаше продолженија против фаворитот број 1 за злато, но на крај Џеди Осман промаши две клучни слободни фрлања.

Како ли да ви ги објасниме овие 10 секунди?

Среќа, карамбол, зицер од два метра итн, итн. Не можеш да и најдеш НЗС на акцијава во Португалија за играчи до 23 години. Како нема еден швенг од публика да им видиме реакција.

Како тоа носат засилувања, а истовремено спасуваат деца?

Неодамнешната Твитер кампања на Рома каде мислевме дека вработиле човек кој го бива само за хумор, излезе топ, ама ептен топ. Со други збори, многу е сериозна и уште повеќе корисна. На две семејства им го продолжија животот.

23.770 гледачи во чудо после потегот на Надал

На култниот стадион „Артур Еш“ на УС Опен, Рафа Надал го совлада шампионот од 2014-та Марин Чилиќ 6:3, 3:6, 1:6, 2:6 во сетови и закажа четвртфинале против Шварцман. Претпоследниот поен на мечот на Шпанецот беше најубав од досегашниот тек на турнирот. Најмногу му се израдува Тајгер Вудс.

Доказ зошто Конте е најголемо засилување на Интер

А на „Меаца“ дојдоа еден куп нови играчи и тоа звучни имиња како Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, два светски напаѓачи кои стигнаа од најсилната лига на светот. Тифозите на Интер сметаат дека тренерот е најзвучно засилување. Еве и зошто.

Овој фудбалер може бракови да спасува

Во 8. коло од руската Премиер лига, најголемото изнендаување досега сезонава, Ростов, го совлада на гости Локомотив Москва со 1-2. Во 91’ минута од мечот гостинскиот стопер Чернов двапати лудачки ја спаси сопствената мрежа и осигура победа за Ростов.

23-годишен навивач на Сао Пауло паднал од највисоката трибина и летал 25 метри

На стадионот Морумби, 23-годишен навивач на Сао Паоло паднал од највисоките редови и летал скоро 25 метри до најдолната трибина. За среќа останал жив.

Ти голман си или напаѓач?

Ако сите голмани беа како Мануел Ноер, сите ќе беа дриблери и во шеснаесетник жива душа ќе немаше. „Рогај ја бе, не ја пимплај“ е златен маалски совет кој треба да важи и за Бугаринов.

Неверојатниот спринт на Кристијано Роналдо за 10 секунди

Има 34 години, возраст кога фудбалерите полека стигнуваат до крајот на кариерата. Ама не и Португалецот кој за 10 секунди истрча 92 метри со брзина од 33,12 км/час.

Расизам кон Лукаку фатен на дело во Каљари

Италијанскиот фудбал никако да раскрсти со расизмот и фашизмот кои цутат на некои трибини. Англичаните тоа го решваат по брза постапка, како во примерот со Стерлинг кога морони навивачи на Челси испуштаа мајмунски крици, на крај беа откриени и им беше изречена доживотна забрана за влез на стадионот. Во Италија од година во година расизмот е како добро утро. Особено во Каљари каде досега беа навредувани Мунтари, Матуиди и Мојзе Кеан.

Решена мистеријата дали е Хакет или Хекет

Даниел Хакет е еден од најдобрите плејмејкери во европската кошарка во последните неколку години. Годинава ја освои Евролигата со ЦСКА Москва, а претходно играше во Олимпијакос, Олимпија Милано, Сиена, Тревизо и Бросе Бамберг. Во моментов ја предводи Италија на Светското во Кина, а коментаторите начекаа прилика да ја решат дилемата околу изговорот на неговото презиме.

Две атлетичарки во Кина многу личат на мажи, но федерацијата проверила и демантира

Атлетиката се соочува со нов полов скандал. На државното првенство во Кина јавноста забележила необичен пар учеснички и се кренала голема врева околу тоа.

Фото на колото

Капитенот на Јувентус Џорџо Кјелини пред неколку дена ја доживеал најтешката повреда за фудбалер: скинати предни вкрстени лигаменти. Го чека пауза од неколку месеци, а големиот фајтер дојде на клупата за резерви на мечот против Наполи со штаки. После натпреварот отиде да го теши Кулибали.

Како капетан Жирков го реши дербито во Русија со ракета

Во 40’ минута од дербито на преубавата „Откритие Арена“ во Москва, 36-годишниот Јуриј Жирков, најстар фудбалер на теренот и еден од најстарите во рускиот фудбал, постигна прекрасен гол.

Алиоски смисли нов начин на одбрана и му успеа

Предводен од Биелса на клупата, нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски ќе се обиде уште еднаш да влезе со Лидс во Премиер лигата. Викендов несреќно загубија дома од лидерот Свонси, а Алиоски имаше интересен начин да одземе една топка.

25.000 навивачи на Галатасарај 6 часа го чекаа Фалкао на аеродром

Турскиот фудбал стварно е уникатен. Никаде на свет нема таков порив масовно да се дојде на аеродром, на плоштад, на автопат, за да се сретне новото засилување на клубот.

На дербито Лацио - Рома имаше 5 стативи за 26 минути

Вечното римско дерби донесе добар фудбал, 2 гола, многу шанси на двете страни и чудни моменти: стативите на двата гола на „Олимпико“ беа погодени 5 пати за 26 минути (Леива, Имобиле, Кореа, Пароло, Ѕаниоло, Ченгиз). Според Opta, вакво нешто се случило во далечната 2004/2005 на дербито Милан - Интер.

Страшен гол и во Турција

Имаше Бурсаспор водство од 0-1 кај Ескишехирспор а победата им ја потврди 33-годишниот лев романски бек Јасмин Латовлевичи во 90+1’ минута со страобален волеј од прва.

ФИФА затворај конкурсот за гол на годината

За време на мечот Ламија - Атромитос во грчката Супер лига, домаќините водеа 2-1 до 80' минута. А тогаш Апостолос Велиос направи нешто што многу ретко се гледа на фудбалските терени.