Селекцијата на Велс синоќа ја совлада Унгарија со 2:0 во директен дуел за пласман на ЕП 2020 и се избори за учество на големото континентално натпреварување.
За време на големото славје, Герет Бејл ја мина границата на зезање и може слободно да констатираме дека кога Флорентино Перез ќе го види ова, без пардон на клоци ќе го избра од Реал.
Знамето со доста провокаторска содржина спрема клубот и секој навивач, пред неколку дена се појави на трибини, ама синоќа со него се радуваше самиот Бејл.
На него се напишани три збора: Велс. Голф. Мадрид, ама по редослед како што е обајснето, а тие што ги следат случувања со него и Реал, јасно им е за што се работи.
Тој во последно време е обвинуван дека поважен му е голфот, отколку Реал Мадрид, а тоа се потврди со фотки. Бејл скокна предсезонски натпревар за да оди да игра голф, но шпанските таблоиди го фатија жив.
Поради тој непрофесионален однос, Велшанецот уште летоска се шпекулираше дека ќе биде продаден. Зидан сезонава ретко го става во игра и сега со овој гест се очекува тој доживотно да биде неценет, плукан и навредуван на Бернабеу
Отказ не му бега во јануари, особено во една таква средина каде владее строгост. Едноставно не му поминува ова, ептен несериозен и лош трол е ова за сериозен клуб како кралскиот.
WALES, GOLF, MADRID...in that order!! #WALHUN #TogetherStronger #Bale pic.twitter.com/GRJ5cps1Dp
— No Context Wales (@NoContextWelsh) November 19, 2019
Шпанскиот весник Мадрид Спортс твитна:
„Колку лошо е ова Герет Бејл. Не се простува. Секогаш те браневме. Имавме трпеливост со твоите илјадници повреди, ги славевме твоите голови и асистенции, ја браневме твојата страст за голф и ограничениот шпански јазик. Но доволно беше. Ти му се смееш на Мадрид и го ставаш на знамето.
Познатиот шпански новинар Ману Саинз пак коментираше:
„Бејл знае дека ќе може да го напушти Мадрид во јануари ако форсира трансфер, но веќе излегува од контрола“.
Неговиот колега Рубен Мартин напиша:
„Му се смее на Мадрид, на навивачите и на колегите. Не му е гајле. Не заслужува да го носи дресот и веќе не треба да го носи никогаш“.