Поминаа две години откако Италијанците го остварија најголемиот неуспех и после пауза од шест децении не учествуваа на еден Мундијал.
Периодот на рехабилитација не можеа да го искористат подобро. Го назначија искусниот Манчини за селектор, му дадоа одврзани раце да копа што му душа сака од тоа младите желни за докажување и ете го, попара направија.
Внимавајте на податокот и сè ќе ви стане јасно:
Од декември 2016-та до март 2019-та или поточно за 27 месеци, селекцијата на Италија постигнала вкупно 36 голови. Од март годинава до сега, знаете колку има? 37 комада за 8 месеци. Ете тоа е тој напредок.
А сега рекордите на Роберто Манчини, чии избраници ја демолираа синоќа Ерменија со 9:1.
- 11 победи по ред е нов рекорд во историјата на Италија. Веќе со триумфот против БиХ кој беше десетти го сруши претходниот од 9 победи во низа на Виторио Поцо во 1938/1939. Манчини ги совлада САД на пријателска и потоа по два пати Финска, Лихтенштајн, Грција, БиХ и Ерменија во квалификацискиот циклус за ЕП 2020.
- 13 победи на Роберто Манчини после 19 средби, успех кој го има достигнато само Ариго Саки.
- Рекорд од 10 победи по ред во овие квалификации за европско каде Италијанците се несопирливи.
- Рекорд од 14 победи по ред во квалификациски натпревари за ЕП, почнувајќи од претходниот циклус.
- Рекорд од 40 натпревари без пораз на квалификациски натпревари за ЕП каде веќе 13 години немаат пораз. Скорот им е 34 победи и 6 порази. Последниот е на Донадони кој загуби од Франција на 6 септември 2006-та, како бранител на светската титула.
- Рекорд од 10 победи по ред во една година. 9 имаа во 1990-та, 1994-та, 2000-та и 2003-та.
Плус некои старци како Пароло, Де Роси, Кандрева не се повеќе во тим. На младите им дава шанса, со дел од искусните нормално. Пазете ова, 50 играчи пробал откако е селектор и во период од половина година им дал шанса на дури 20 дебитанти. Тоа е храброст и одлучност.