Италијанската фудбалска репрезетација се налути и стана немилосрдна откако крахираше на мундијалските квалификации и го скокна светското во Русија.
Вечерва кој го следеше нивниот меч против Ерменија, гледаше секој напад гол, особено во второ полувреме во кое паднаа вкупно 6 или 5 комада за само 9 минути.
Посрамениот гостин беше Ерменија кој си замина дома попарен и понижен со пораз од 9:1.
Ова е втората нивна највисока победа во историјата. Првата им датира од 1928-ма кога на Олимписки игри го совладале Египет со 11:3. Инаку 9 гола и дале уште на две селекции: Франција 9:4 (1920-та) и САД 9:0 (1948-ма)
Роберто Манчини стана првиот селектор на Италија со 11 победи во низа. Претходниот рекорд го држеше Виторио Поцо кој пред 80 години остварил 9 по ред. На 19 меча откако е на кормилото има вкупно 13 победи.
Италијанците на овие квалификации остварија неверојатен скор од 37 дадени и само 4 примени гола на 10 средби. Каква доминација.
1:0, Имобиле 8 мин
2:0, Ѕаниоло 9 мин
3:0, Барела 29 мин
4:0, Имобиле 33 мин
5:0, Ѕаниоло 64 мин
6:0, Ромањоли 72 мин
7:0, Жоржињо 75 мин
8:0, Орсолини 77 мин
8:1, Бабајан 79 мин
9:1, Киеза 81 мин