Еуро Табак преку дуото Ливрински – Младеновски до победа надЛукоил

Екипите на Еуро Табак, Ван Хоол и А1 со победи го отворија 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Еуро Табак преку дуото Ливрински – Младеновски до победа над Лукоил

Лукоил 4-7(2-3) Еуро Табак

Лукоил: Дејан Зиков 11’ Лоренцо Николовски 27’ Васко Стефанов 28’ Антонио Фенов 13’

Еуро Табак: Дејан Младеновски 6’ 33’ 35’ Мартин Ливрински 10’ 18’ 40’ Дејан Јанков 16’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Лукоил и Еуро Табак и припадна на екипата на Еуро Табак која го започна овој натпревар со офанзивна игра што и донес епогодок во 6та минута за водство од 0-1. Во 10та минута екипата на Еуро Табак успеа да реализира еден контра напад за водство од 0-2, по оваа негатива екипата на Лукоил започна жесток притисок кон голот на Еуро Табак имаше фуриозни две минути во 12 и 13та минута кога успеа да постигне два прекрасни погодоци за израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак имаше повеќе од играта постигна два погодоци и на полувреме замина со предност од 2-4. На старот на второто полувреме екипата на Лукоил изврши силен притисок и во 27та минута успеа да постигне погодок и да дојде до само гол негатива, веќе следната минута со голот на Стефанов екипата на Лукоил успеа да дојде до израмнување на 4-4. По ова следуваше одлична игра од екипата на Еуро Табак која со двата погодоци на денес расположениот за игра Младеновски успеа повторно да ја превземе предноста на 4-6 а до крајот Ливрински успеа да постигне уште еден погодок за Еуро Табак за победа од 4-7.

Саздовски со погодок во последната минута и донесе победа над Ван Хоол во дуелот со Аптив

Ван Хоол 5-4(2-1) Аптив

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 25’ Филип Белчовски 16’ 24’ Христијан Павловски 20’ Ненад Саздовски 40’

Аптив: Александар Марковски 27’ Дамјан Хрдличка 35’ Иле Трајковски 36’ Кире Стаматовски ‘

Одлично отварање на екипата на Аптив во дуелот со Ван Хоол со погодок уште во првата минута за водство од 0-1. По ова екипата на Ван Хоол вршеше силен притисок кон голот на Аптив, екипата на Аптив успеваше да одолее на овој притисок се до 16та минута кога Белчовски успеа да реализира за израмнување 1-1. До крајот на полувремето екипата на Ван Хоол успеа да да реализира и на паузата да замине со предност од 2-1. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра уште на самиот старт екипата на Ван Хоол успеа да постигне два погодоци за водство од 4-1. Сепак екипата на Аптив не се откажуваше лесно од овој натпревар па со сигурна игра од минута во минута ја топеше предносата за во 36та минута со голот на Трајковски дојде до израмнување 4-4 и да ја направи завршницата на овој натпревар интересна. Во ваквата завршница Саздовски успеа во последната минута да реализира за Ван Хоол и да и донесе победа на својата екипа од 5-4.

А1 во второто полувреме до победа над Тиквеш

Тиквеш 0-3(0-0) А1

А1: Иле Никодиновски 36’ 36’ Мартин Ташкоски 22’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и А1, и двете екипи влего претпазливо во овој натпревар со многу тактичка игра во првиот дел од полувремето ги одмеруваа силите. Како одминуваше времето двете екипи го засилија темпото на игра па почнаа да се редат шанси на двете страни, но во ова прво полувреме двете екипи покажаа слаба реализација па на пузата се замина со 0-0. На стартот од вториот дел екипата на А1 успеа да постигне погодок и го отвори резултатот на 0-1. По оваа негатива екипата на Тиквеш започна со поагресивна игра со цел да дојде до израмнување, таквата отворена игра остави простор во одбраната на Тиквеш што ја искористи екипата на А1 и со двата погодоци на Никодиновски успеа да стигне до водство од 0-3 и да ја запечати победата.

19 ноември 2019 - 14:28