Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
Последната победа на Вотфорд во Премиер лига, против Манчестер Јунајтед минатиот викенд, донесе и пар интересни факти. Поврзани се со Трој Дини, најголемата легенда на Хорнетси.
Кале, МНТ, а сега и најново видео од центарот на Скопје на кое се тепаат млади луѓе за кои се претпоставува дека напаѓачите се дел од навивачката група Шверцери. Комити направија компилација со која сакаат да укажат дека нивните ривали никогаш не одговараат.
Скијачов кој е залетан за да ја зграпчи целта со подобро време е Хрват, а овој што се шета како на корзо веројатно е официјално лице од трката. Немаше да биде судирот пријатен, а блиску беше.
Налетавме на видео на кое од прва не му верувавме дека е вистинско, а на него е сегашниот британски премиер Борис Џонсон. Еден од 984-те коментари вели вака: Јас со него ни пинг понг не би играл, смртоносен е.
Двојно поблиску се до зоната на испаѓање, отколку до четвртата позиција која носи во Лига на шампиони, а на 17 натпревари имаат постигнато 16 гола. Ваков Милан не паметиме откако гледаме фудбал.
На 9 декември починал најпознатиот навивач на фудбалскиот клуб Ница, Пол Капието, познат како „Овчарот“ (“Le Berger”). Скоро никој не знаел каде и со кого живее, ама тој не пропуштал да патува по 130 км за да ја гледа Ница.
Фудбалерите на Лацио во рок од само неколку дена, по вторпат го демолираа Јувентус со 3-1, овојпат далеку од дома, во Саудиска Арабија, земја која што плати милиони за италијанскиот Супер Куп да се игра кај нив.
Задолжително видео од викендов за цела македонска кошаркарска јавност па и пошироко е потегов на 21 годишниот Ненад Димитријевиќ на мечот за својот Хувентуд против Барселона. Коментаторите се во транс, а од публика за глава се држеа кога го видоа влезот и финтата на македонскиот репрезентативец. Спектакл.
Неговиот Висел Кобе во полуфиналето на јапонскиот Куп на Императорот, со 3-1 го совлада Шимицу Пулсе, а Андрес Инеста го отвори резултатот уште во 13’ минута. За трофејот Иниеста и другарите ќе се борат на 1. јануари во финалето на Купот.
Тренерки, се шалиме. Иако ова што го носи најдобриот млад македонски фудбалер на враќање од гостувањето каде што по негов обид, домашниот играч Обианг си даде автогол против Сасуоло, подзаликува на новогодишна пижама. „Среќни празници Елиф“, му пишаа луѓето задолжени за маркетинг во клубот.
Навивачите на Челси беа во делириум по победата на нивниот тим над лутиот градски ривал Тотенхем и тоа на негов стадион на гости. Вилијан 2 пати го матираше домашниот голман, „сините“ освоија 3 важни бода а на крајот од мечот најмногу се израдува Френки Лампард.
Го носи прекарот „Питбул“, што не е за фалење нели, а на терен и надвор од него има направено низа инциденти. Синиша Михајловиќ до вчера излезе од болница каде се бореше со смртоносна болест, а тој фати и со него да се тегне и оправа. Плус тренер му е.
Во Италија гестот број 1 го направи Лукаку, а во Франција тоа признание оди кај Мбапе. Што се вика уште е дете, а веќе знае како со децата. Нема место за паника, мал е, ќе научи дека не смее друг пат да влетува на терен. Инаку можеби е прв кој успеал да добие автограм во книга на сред натпревар.
Лацио синоќа го совлада Јуве со 3:1 во Супер Купот на Италија, а финалето се играше во Саудиска Арабија. Пехарот преку контролата на аеродром го пренесе Данило Каталди кој ја олади Старата Дама со голчиште од слободен удар во 94-та. А контролата е иста за секој, без разлика што носи в раце.
Иако губеа со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло, фудбалерите на Наполи предводени од новиот тренер Џенаро Гатузо, стигнаа до три бода. Најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец кој постигна гол во длабоко судиско продолжение.
Обично навикнати, кога се гледаат стрелците на Баерн да прочитаме Левандовски, Алаба, Кутињо, Милер, Перишиќ. На последните 2 меча 6 бода и тоа како вредни за титулата, му носи анонимен клинец.
Во рамки на португалскиот Лига Куп, Виторија Сетубал одигра 2-2 против големиот фаворит Бенфика. Јунак на мечот беше Хелдер Гуедеш кој прво во 83' намали на 1-2 а после во 90+2' минута постигна гол за прераскажување против трофејниот гигант.
Има многу лакоми играчи за гол кој по секоја цена сакаат да билдаат бројки, а Ромелу Лукаку вечерва направи гест со кој докажа дека не е воопшто фудбалер од таков ков.
По европската титула освоена против Тотенхем и трофејот во Супер Купот против Челси, Црвените предводени од маестралниот Јирген Клоп остварија хет-трик со меѓународни трофеи во оваа календарска година.
За да не се збуните, уште на старт да расчистиме. Типов заменува петмина музичари и со помош на монтажа го има во видеово со пет различни дресови. Свири на четири виолини и една виола. Филхармонија на отворено.
Роден на 23 март, 2001 година, Јарно Деуринг има само 18 и се прослави на меч од една од холандските аматерски лиги. Тргна во слалом како Алберто Томба, а на крај фалеше уште и редарот позади гол да го издрибла.
Се мислевме дали да пишеме глума на денот, ама сепак прво мора да се потенцира дека е глупчо, бидејќи откако падна на земја НАМЕРНО, не сме сигурни дали стварно глуми кога се држи за глава или од ударот му е. Како и да ја вртиме сепак е глупчо.
За него фактите велат дека е лидер во Премиер лигата со 10 бода зад вториот, брани европска титула, а утре во Катар ќе атакува и на светска. Но ова кусо интервју не е за овие теми. Со него било кој агол да го фатите не е здодевно и ќе ви даде оригинални одговори.