И Газета дело спорт не издржа повеќе и реши да излезе со следнава насловна: „Спасете го Милан“. На неа Донарума, тажен и очаен после дебаклот од незгодното гостување кај немилосрдната Аталанта.
Кризата за седумкратниот европски првак продолжи и со Стефано Пиоли. Со двете гостински победи против Парма и Болоња месец декември требаше да биде појдовна точка од една пресвртница, но позитивната низа брзо им заврши бидејќи прво следуваа разочарувачки 0:0 со Сасуоло, а потоа петардата од Аталанта.
Росонерите се на средина од табелата и по 17 кола имаат само 21 бод, исто колку што има Торино. Скоро им е: 6 победи, 3 нерешени, 8 порази. Гол разлика 16:24. Само СПАЛ, Бреша, Сампдорија и Удинезе имаат полош напад од нив.
Заборавивме и веќе кои им се напаѓачи. Пјонтек од голгетериште, стана невидлив. Има само 4 гола, исто колку Тео Фернандес кој инаку игра на позиција лев бек.
Газета дело спорт направи цела анализа за очајната состојба на клубот, а во дел од текстот се вели:
„Клубот е поделен, влоговите се неизвесни, тимот нема искуство. Ова е пекол. Тимот е поделен на фракции. Газдата е далеку преку океан и ги раздвојува компонентите на клубот. Пекол во кој ѓаволот не може да се чувствува како дома. Џиџо плаче додека го напушта теренот после понижувањето од Аталанта. Ништо не им функционира. Секој оддел во клубот оди во своја насока“.