Offside

Фудбалерите на Египет слават голем успех. Одат во осминафинале, прво после СП 1934 година. 1:1 беше во регуларните 90 минути, 4:2 на пенали. Мохамед Хани стана само втор играч после Иван Вотсов во 1966 година, со два автогола на едно Светско првенство. Египет оди на Аргентина во случај да нема сензација вечерва против дебитантот Зеленортски острови.

Сите 15 интервенции на извонредниот Митревски

Да не бранеше Никола толку ѕверски тешко нас ќе беше против Украина. 34 годишниот голман на Еурофарм Пелистер кој лани се врати во својот роден град, синоќа блескаше, а ЕХФ една од неговите одбрани ја прогласи за втора најдобра на денот на ЕП 2020.

Бомбастичниот погодок на капитенот за победа на Македонија

Навикнати сме на драматични завршници, ама не на вакви натпревари кои според квалитетот и искуството на наша страна, треба да ги добиваме глатко. Кире се изнервира, изјави по мечот дека младите бегале од одговорност и со муда ја реши. 

Доктор Кире Лазаров и Никола Митревски ѕверот

За првиов само небото е граница, а вториот ги пушти пипците и одигра блескава партија. Македонија ја победи Украина со звукот на сирената откако капитенот се крена од 9 метри и со дрзок шут го реши натпреварот. Не е нормален како го изведе тоа.

Давам 500 долари на секоја голманска одбрана во Премиер лига како донација за Австралија

Додека на островот ќе се игра фудбал, а во неговата земја се случуваат стравични битки со енормни пожари, голман смисли начин како да ги мотивира колегите да бидат подобри, за тој истовремено да донира повеќе пари.

Клоп им постави прашање на новинарите за Мурињо

Нова типична Јирген Клоп прес конференција на која харизматичниот Германец ги стави на тест новинарите дали знаат на која позиција играл Жозе Мурињо додека бил играч. Ова прашање им го постави откако го прашаа кој бил подобар фудбалер меѓу нив двајца.

Како Ел Чоло ги пречека играчите пред соблекувална

Страшен мотиватор, голем темперамент и човек кој си ја работи работата со голема страст. Можеби некој мисли дека е во елемент само тие 90 минути, ама жарот го има и после натпревар. Погледнете го колку е среќен за победата. Ги чекаше еден по еден за да им честита.

Известуваше за ракометот и потоа го снема

Германија ја делкасираше Холандија со 11 разлика на првиот ден од ЕП 2020, ама го декласираше и човекот кој е дојден да известува за нив. Арно ама репортерот излезе прав панцир и веднаш се врати на служба. 

Мане го сака селото и селото го сака Мане

Дечкото спие на пари, ама никогаш не заборава од каква сиромаштија потекнува. За леб немал, а не па за копачки. Толку е скромен што не дозволува ни со крал да му се обратат. Овие снимки се ептен логични, бидејќи им помогна на сите до еден.

Барса кај ти е одбраната?

Кога Барселона води 2:1 на 10 минути до крај, тогаш лотарија од ептен ретки размери е да погодиш дека ќе загуби. Синоќа во полуфиналето на Супер Купот се изгубија позади и мислеа дека играат против Елче. Атлетико им направи пресврт во 81-ва и 86-та.

Шпанците уште ја бараат топката во мрежа по голот на Криштопанс

Летонија дебитираше на првиот ден од Европското ракометно првенство против силната Шпанија од која загуби 11 разлика. Но без разлика на резултатот, признанието за најкорисен играч го доби џинот од Вардар кој го заврши мечот со 7 гола и 3 асистенции. Торпедово на Криштопанс само на забавена снимка може да се следи со голо око.

Заковајте се на фотеља со далечинското, ќе се гледа ракомет

Освен што е за празничко уживање, месец јануари е задолжителен месец и за ракометно следење, бодрење, а понекогаш и нервирање со нашите. Додека ние правевме гезмиња, тие тренираа и се потеа за да го извадат најдоброто од себе. Напред момци и кога не нервирате навиваме за вас.

Има и таква будала која даде гол од корнер со надворешна

Го знаете ли вие Разван Марин од Романија кој летоска направи трансфер од Стандард во Ајакс? Се работи за 23 годишен играч од среден ред кој го купија за 12,5 милиони евра со што стана трет најскап Романец после Муту и Киву. Проба да изведе една неголична лудорија на тренинг, колегите не му веруваа арно ама...

Дијалог на денот меѓу Новак и навивач на сред меч

Селекцијата на Србија се наоѓа во Австралија на АТП Куп каде има голема поддршка од српски иселеници. Еден од публика викна гласно до Ѓоковиќ со конкретна понуда, а за комедијата да биде поголема, овој му врати.

Џани е хит во Лидс, почнаа и графити да му цртаат низ град

Прилепчанецот оваа сезона не само што држи добра форма, туку со својот забавен карактер си створи имиџ и стана еден од омилените ликови во тимот на Биелса. Штом и графити има од него, тогаш навистина е идол на многу навивачи без да кажеме ние.

Лука мајсторе што е со фелшов?

Имаше игра еден на еден, ама изгледа му беше поголем предизвик кога му застанаа двајца, па испрати магичен шут со надворешна. Ете тоа е Лука Модриќ, човекот кој во 2018-та ги собра сите награди за играч на годината.

Кога ќе те нагрнат Ди Марија, Мбапе и Нејмар и вакви автоголови паѓаат

Малку му била оваа навала од тројца, па Томас Тухел се решил и за Икарди во напад, а се работи за Лига Куп натпревар. И после ПСЖ - Сент Етјен 6:1 ќе заврши и ќе има паника во одбрана. Епа ќе има.

Абе бегај на гол, Тони изведува корнер

Не само што го изведува, туку шутира директно во гол. И додека ти се објаснуваш со играчите, готово пројде возот. Мајсторијата е на синоќешниот дуел од Супер Купот на Шпанија кој Реал го доби со 3:1 против Валенсија.

ПСЖ во Куп играл против монтер, аптекар, водоводчија и електричар

Лина Монлери е клуб од шеста лига во Франција кој во претходната рунда издржа половина час без да прими гол од ПСЖ во 1/16 финалето на францускиот Куп. А многу од играчите кои се аматери, меѓу нив и тренерот, се големи навивачи на Пари Сен Жермен.

Пуштете му репетиција за да сфати што го снајде

Фудбалот не се игра само на перфектни терени со дренажа, туку и по разни сали, калови, на песок. Битно е да знаеш како да го играш. Овој на пример многу знае со топка, а другиов делува дека ниту нешто знае, ниту па знае каде е. 

Таксистот херој кој си го ризикувал животот за да спаси навивач во пресметка Гробари vs Делии

Во една таква професија како неговата, не можеш да знаеш кој сè може да ти се качи и со кого да се замери, а ниту би помислил дека на можеш да завршиш повреден и без кола. На крајот излегува дека треба да се среќен што останал жив.

Газдава на Алмерија голем шегаџија

Саудиецот Турки Ал-Шеик кој е на чело на шпанскиот вторологаш Алмерија од лева страна, Марко Матераци, пардон Зинедин Зидан од десна. И по 14 години не умира шегата.

Циципас бесно мафташе со рекет, па го закачи татко му

За време на мечот од АТП Купот против Ник Кирјос, Стефанос Циципас во еден момент поради изгубен поен грубо мафташе со рекетот пред неговата клупа каде седеше татко му Апостолос. Циципас дури и го цивна стариот со рекетот, а мајка му, Јулија Салникова се симна од трибините за да го смири синот. На крај Кирјос славеше во три сета после 2 часа и 40 минути игра.

Во Финска имало Светско првенство во издржливост во сауна - се печеле на 110 Степени

На листите на најморонски обиди за спортување се најде и овој неофицијален турнир во тоа кој подолго ќе седи во сауна. Турнирот завршил трагично откако еден Русин решил да „гине за саунски идеали“.

Гладијаторски говор на Де Роси во соблекувалната на Рома

Во 2001-ва им го облече дресот, во 2019-та го соблече, ама не по негова вина. Погледнете го видеово и слушнете го, па после кажете дали смееше да си дозволат да не му го продолжат договорот.