Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Документарецот „Сите животи на Синиша Михајловиќ“

Белградски Спортал снимил документарец за легендарниот фудбалер и тренер за чија кариера и анегдоти од неговиот живот раскажуваат поранешни негови соиграчи, тренери, раководители, претседатели итн.

Смеа на прес-конференциите на Пеп Гвардиола и Артета

На 10 кола пред крајот од сезоната во Премиер лига, Арсенал е прв со 64 бода, пет повеќе од првиот следбеник Манчестер Сити. Двата тима ќе се борат за шампионската титула до крајот па нивните натпревари се интересни колку и прес-конференциите на двајцата тренери.

Комедии со Бонучи и редарката

Сезоната 2003/2004, Вардар играше плејоф меч за Лига Европа против Рома. Додека Италијанците тренираа на Градски, полицијата не го пушташе Славчо Георгиевски Тупан во својата соблекувална, па мораше да им објаснува кој е. Лео во слична ситуација и тоа терен, откако постигна гол во финалето на ЕП 2020. Циркузи.

Мегваер ја удри со глава топката и „се повреди“

Факт е дека претераа твитерџиите со него, ама па понекогаш имаат аргументи да го ребрачат. Клипов воопшто не оди во негов прилог.

Како војната на Блискиот Исток се одразува на спортот?

Во последните неколку часа продолжија жестоките судири меѓу здружената коалиција Израел и САД од една страна и Иран од друга страна. Воениот виор веќе однесе најмалку 500 жртви. Војната се одрази и на спортот. Откажани се голем број настани во тој дел од светот.

Леброн кубури под кош

Лејкерси го добија Сакраменто со 128:104. Дончиќ беше прв стрелец со 28 поени, добра партија имаше и Леброн Џејмс кој за 27 минути постигна 24 поени. Ама нешто не му оди под кош. 

Го видовте ли нокаутот на Дејан Георгиевски?

Освојувачот на сребрен медал на Олимписките игри во Токио, го отвори настапот на Бугарија Опен Г2 турнирот во Софија на спектакуларен начин. Георгиевски го победи Андреј Поп од Романија и му ја искористи невнимателноста на брутален начин.

Од Алегри човек вода не може да се напие

Не умее да се смири овој човек. И кога победува и кога губи неговиот тим, тој е ултра нервозен, темпераментен и експлозивен. Павловиќ ги извади со гол во 90-та минута против Кремонезе на гости, а Леао oтиде до аут линијата да се напие вода. Овој го бутна за да го врати во игра. Во 94-та минута 0:2 за Милан. Стрелец? Леао.

Страшен небесен скок на Домен Превц, го сруши рекордот на брат му

Домен Превц продолжува да доминира во Светскиот куп и уште еднаш покажа зошто важи за најдобар ски-скокач на денешницата, откако славеше и на скокалницата во Кулм во Австрија со што ја запиша шестата победа по ред. Словенечкиот ас беше најдобар уште по првата серија со скок од 238 метри, а во втората блесна со лет долг 245,5 метри.

Мечка во ултрас издание, ги запали Комити во Автокоманда

За само седум дена Вардар по втор пат го доби Алкалоид на гости и го исфрли од трката за титулата со предност од +9. Славјето на вардарци и Комити траеше после натпреварот, а атмосферата дополнително ја подигна Милан Лазаревски, кој се фати за мегафонот и ги ги поведе во песна.

Ножичките на дербито Ренџерс - Селтик за кои се зборува

Во големото „Олд Фирм“ дерби, Ренџерс и Селтик одиграа нерешено 2-2 иако домаќините во 26' минута водеа со 2-0. На крај гостите израмнија во 90+1' минута преку Јапонецот Рео Хатате. Спектакуларен погодок претходно постигна двојниот стрелец на Ренџерс Јусеф Чермити со ножички. Македонецот Бојан Миовски остана на клупата за резерви и не влезе во игра.

Еврогол за најавни шпици на дербито Марсеј - Лион

Олимпик Марсеј ја прекина неверојатната победничка серија на Олимпик Лион која траеше 13 натпревари во сите натпреварувања. Марсеј славеше 3-2 со гол во судиско продолжение на ветеранот Пјер Емерик Обамејанг. Претходно Бразилецот кој дојде од Феенорд Игор Паишао направи мала забава за навивачите.

Страшен волеј на Консеисао и реми во 93-та на дербито Рома - Јувентус

Рома и Јувентус одиграа лудо дерби на „Олимпико“ кое ќе се памети. Паднаа 6 гола. Натпреварот заврши 3-3 иако Рома имаше голема предност од 3-1. Гостите прво намалија па дури во последните секунди од средбата преку стоперот Гати израмнија во 90+3' минута на 3-3. Франсиско Консеисао постигна страшен гол, вреден награда.

Фудбал за време на Рамадански пост во Тунис, сите попаѓаа

По крајот од дуелот меѓу Сфаксен и Габес во фудбалската лига на Тунис кој се играл во 12 часот напладне по локално време, а во време на Рамадански пост, сите играчи буквално попаѓале на земја изнемоштени. До освежување и храна имале уште четири часа.

Нова сезона - нови два јаки гола на Меси

Интер Мајами победи во 2. коло од новата сезона во МЛС лигата, а Лионел Меси покажа дека е во одлична форма на неколку месеци пред Светското првенство 2026. Екипата на Аргентинецот славеше 2-4 на гости кај Орландо Сити. Лео даде гол за израмнување 2-2 и потоа од слободен удар прекрасен погодок за 2-4.

Пикфорд ја има одбраната на сезоната во Премиер лига

Евертон игра супер под водство на Дејвид Мојс и синоќа направија големо изненадување откако со 2-3 го совладаа Њукасл на гости пред преполн „Сент Џејмс Парк“. Голем удел во триумфот имаше голманот и капитен Џордан Пикфорд кој во финишот одбрани страшно торпедо на Сандро Тонали.

Ќе игра ли Иран на Светско првенство во САД?

По здружените воени напади на Израел и САД врз Иран во кои загина иранскиот ајатолах Али Хамнеи (86), како сите области така и спортот во оваа земја е сопрен во услови на војна. Фудбалската лига е суспендирана на неопределено време а прашање е сега како Иран ќе се постави кон Светското првенство 2026 кое го игра во САД.

Грк со неверојатен скок го надмина Бубка и му се приближи на Дуплантис

Дваесет и шест годишниот Грк од татко Грк и мајка од Уганда, Емануил Каралис на 28-ми февруари на државното првенство во атинското предградие Пеанија прво имал успешен обид на 6,07 метри, па решил да го крене предизвикот на 6,17.

Тензично во Оклахома, Јокиќ и Вилијамс се фатија за врат

Денвер Нагетс загуби на гостувањето против Оклахома во продолженија со 121-127. Мареј постигна 39 поени, а Јокиќ оствари трипл-дабл. Србинот влезе во клинч со Лугенц Дорт, кој неспортски го фаулираше, а потоа и со Џејлин Вилијамс, кој застана во одбрана на својот соиграч. Дорт беше исклучен за намерниот фаул, а Јокиќ доби техничка.

Славните спортски ѕвезди ручаа во Дебар маало

По Хрватска, Словенија, Србија и БиХ, Македонија се приклучува на „Спортските игри за млади“ кои оваа пролет ќе се одржат во 10 спортски дисциплини, а се очекува да учествуваат над 1.000 деца. По потпишување на договорот со македонска влада, промоторите и амбасадори на настанот, заедно со македонските претставници се нагостија со богата софра на Боемска. На едно место можеа да се видат Жељко Обрадовиќ, Предград Даниловиќ, Славен Билиќ, Предраг Мијатовиќ, Аљоша Асановиќ, Шиме Врсаљко, Веселин Вујовиќ, Игор Ангеловски, Масар Омерагиќ, Борко Ристовски...

Градски парк сефтосан со забивање

После пауза од пет години, во Градски парк, кој е во ново руво, повторно се играше кошарка. Заигра македонската репрезентација против Луксембург во претквалификациите за Европското првенство 2029 и победи 79-70. Нашиот национален тим направи кам бек во култната сала после 20 години. Првите поени ги запиша Итан Хап и тоа атрактивно со забивање по само 16 секунди игра, на асистенција на Марин Петков.

Жиру го запозна Дарко Панчев

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Франција (57 гола на 137 настапи) синоќа повторно постигна гол на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Некогаш во дресот на Арсенал Жиру даде прекрасен гол, а синоќа на неполни 40 години пак стрелаше против Црвена звезда и го одведе Лил во осминафинале од Лига Европа. После мечот Жиру ги разгледувал музејските поставки на стадионот. Застанал пред култната фотографија на Дарко Панчев и пеналот во финале на Куп на европски шампиони против Марсеј.

Кога Перо Антиќ лепел пари со Стоичков на сепаре

По регионалните подкасти поранешни и сегашни кошаркари често раскажуваат разни анегдоти кои се буквално за филмски сцени. Така некогашниот српски кошаркар Славко Стефановиќ раскажа дешавки со Перо Антиќ од времето кога играа за Лукоил Академик во Бугарија.

Прес на Пешиќ со необичен лингвистички микс

Обично ги меша англискиот и германскиот, ама сега смени. Англиски со шпански.