Offside

Оукленд Сити е приказна за себе. Се работи за разновидна постава на луѓе, која е во силен контраст со професионалните екипи. Тие всушност не се фудбалери и имаат други професии. Еден од нив е бербер, а друг ќе полага испит на факултет за време на турнирот. Но, им се падна Баерн.

ТВ прилогов за Вардар е од 2008 или 2024 година?

16 години подоцна, истите маки, пењавења, ветувања...со тоа што сега е дури и бетер. Видеово е од згаснатата телевизија А2, а зборуваат легендарните Комити, Жути и Бошко Луди.

Најмилиот навивач на сезоната

Италијанска навивачка група има мил водач, што знае добро каков ритам да фати.

Видео пораки за Надал од Родри, Раул, Иниеста, Касиљас и Бекам

Покрај тениската фела, за кариерата на Рафа Надал со воодушевување зборува и фудбалската, посебна шпанските асови кои се горди на својот сограѓанин кој блесна со 22 Гренд Слем титули, 36 Мастерси, 2 олимписки злата или вкупно 92 шампионски титули.

Како се распалува трибина со страшен гол во Аргентина?

Во 23. коло од аргентинската Примера Дивизион, Њуелс Олд Бојс дома изгуби 2-3 од Сентрал Кордоба ама уште долго таму ќе се раскажува првиот гол на домаќините кој го даде Матео Силвети. Ова е стварно за прераскажување.

Дриблинг на Исак од Њукасл кој до сега не е виден во фудбалот

Александер Исак на дуелот Шведска - Азербејџан 6:0, им продаде финта во шеснаесетник каква што не се памети. Со грб бе го издрибла, еј. Осум пати го пуштивме клипов.

Чудна животиња прекина меч во Коста Рика

Уште вакво нешто немавме видено да влета на фудбалски натпревар. Википедија ќе објасни: Опосум - торбарско животно од класата на цицачите. Најчесто се среќаваат во тропски шуми и дождовни шуми. Американскиот опосум кога е во опасност се обидува да ги измами грабливците преправајќи се дека е мртов. Може да лежи неподвижно дури 6 часа.

Некогаш и вакви пенали се шутирале во Англија

Снимката е од пред 40 години од мечот Челси - Манчестер Сити во Милк Купот, денес познат како Карабао Куп или наједноставно Лига Куп. Изведувачот е Пет Невин, а коментаторот е запрепастен и со право ќе го прогласи пеналот за најлош.

Карло ако ова не е доволно, што е?

Турција загуби од Црна Гора 3-1 во меч во кој Арда Ѓулер беше главен адут на Турците. Тој сезонава повеќе игра за репрезентација отколку за клуб. Причините ги знае само Карло Анчелоти. По силен дожд, град и кал на „Градски“ стадион во Никшиќ, Арда покажа умешност со топката.

Комити: Во влада ни рекоа или Миленко ќе биде во ФК Вардар или Вардар нема да постои

Проблемите во Вардар кои се веќе хронични, освен резултатски на спортски план, остануваат или стануваат компликувани и од внатре. Од горе кажувале кој да биде директор на ФК Вардар.

Браво мали за ролингот на вечерта

Осумнаесет годишниот Лукас Бергвал кој игра за Тотенхем, синоќа на мечот Шведска - Азербејџан изведе еден маестрален ролинг каков што ретко се гледа. Потег на колото во Лига на Нации.

Најлудата машина за голови: Швеѓанецот Виктор Ѓокереш пак даде 4 гола

Шведскиот репрезентативец Виктор Ѓокереш повторно ја залуди фудбалската јавност откако пак даде 4 гола на еден меч. Овојпат на дуелот Шведска - Азербејџан во последното коло од групната фаза на Лига на нации каде Швеѓаните славеа 6-0 (Дејан Кулушевски постигна 2 гола и имаше 1 асистенција).

Соло продор на вечерта, Енер Валенсија против Колумбија

Еквадор забележа огромна победа и освои три златни бода на гостувањето кај Колумбија откако славеше со 0-1 и изби на 3-то место во јужно-американските квалификации за Светско 2026. Лидер на Еквадор е 35-годишниот капитен Енер Валенсија кој во Европа играше за Вест Хем, Евертон и Фенербахче а сега е во бразилски Интернасионал. Погледнете го неговиот злато вреден гол.

Турција декласирана во Црна Гора, хет-трик на Крстовиќ

Во последното коло од групната фаза на Лига на нации, Црна Гора која од клупата ја води легендарниот Роберт Просинечки, ја растури Турција со 3:1. Јунак на мечот беше центарфорот на Лече, Никола Крстовиќ кој постигна хет-трик со три прекрасни гола. Единствениот погодок за Турците го даде Кенан Јилдиз. Натпреварот се играше на стадионот во Никшиќ каде поради обилни дождови теренот беше каллив.

Можните противници на Македонија во квалификациите за СП 2026

Можна е балканска група. 1. Хрватска, 2. Србија, 3. Македонија, 4. Бугарија. За противникот од петтиот шешир ни е секако сеедно. Ждрепката е на 13 декември. Директен пласман обезбедуваат само првопласираните, а вторите играат плејоф против најдобрите четири селекции од Лига на нации.

Албанија за 90 минути од прагот на А испадна во Ц дивизија

Фудбалската репрезентација на Албанија пред последното коло во Лига на Нации беше на второ место во својата група и имаа шанса да се борат за А дивизија. Синоќа изгубија дома 1-2 од Украина, паднаа на последно место во својата група и испаднаа во Ц дивизија. Украинците славеа со головите на Зинченко во 5-та минута и Јаремчук во 10-та минута. Единствениот погодок за домашните го даде Недим Бајрами во 75-та минута од пенал.

Селекторот на Данска се скина од зборење на пресот во Лесковац

Србија и Данска одиграа 0:0 во последното коло од Лига на нации. На пресот на гостите после мечот се појави селекторот Брајан Ример. Толку е веста.

Два гола, две мајстории на дербито Бразил - Уругвај

Репрезентацијата на Бразил повторно многу ги разочара своите навивачи откако одигра само 1-1 на домашен терен против Уругвај во квалификациите за Светско првенство 2026. Ургувајците поведоа преку Федерико Валверде кој постигна убав гол во 55' минута а Жерсон набрзо израмни исто со прекрасен погодок во 62-ра минута. На стадионот „Фонте Нова“ навивачите со свирежи ги испратија бразилските репрезентативци кои сега после 12 кола се на 5-то место со 18 освоени бода, 7 помалку од лидерот Аргентина.

Прошталните зборови на Рафаел Надал, за навивачите, семејството, тенисот

По крајот на дуелот против Холандија во Дејвис Купот, претставници од Меѓународната тениска федерација ја започнаа церемонијата во чест на големиот Надал.

Супер волеј на Лаутаро Мартинез на фантастично додавање на Меси

Толку е потребно за Аргентина да победи кога има напад од таков калибар. Феноменалната комбинација Меси - Мартинез, заврши работа против Перу (1:0), за нови 3 бода во мундијалските квалификации каде се лидери во групата со 25 бода на 12 средби.

Прајм-тајм дриблерот на Анри

635 настапи и 168 гола за клуб и 126 настапи и 33 гола за репрезентација. Како и 14 трофеи. Не дека се овие бројки слаби, ама можеше уште, ако не влезеше во таа малерозна низа на повреди во Реал Мадрид, каде и не се снајде. Штета што играчиште како Еден Азар го гледавме како везе само до 32 години. Анри објаснува за него кратко и јасно.

Стадионот каде ќе се игра финалето на СП 2034 е чудо од архитектура

И покрај тоа што прво на ред е Мундијалот 2026, па 2030, ултра богатата земја која си собра Роналдо и екипата на печалба, веќе почна со кампања за Светското 2034.

Под голем емотивен набој, Рафаел Надал се прости од тенисот пред своите

Најдобриот шпански спортист на сите времиња, како што го нарекоа шпанските медиуми, се збогуваше со тенискиот рекет. Го стигнаа многу емоции откако неколку илјади шпански навивачи громогласно му го скандираа името.

Како изгледаше оброкот на Халанд после хет-трикот против Казахстан?

Ако едно парче тежи од прилика по 100 грама, тогаш Ерлинг Халанд фукнал кило бифтек. Минимум. Не постирал повеќе од тоа, но се надеваме дека оваа мега примамлива порција ја комбинирал со  црвено вино, а не со кока кола или сл.

55 години од голот број 1.000 на Пеле

Според официјалните статистики, Пеле е трет стрелец во историјата на фудбалот со 762 гола, втор е Меси со 850, а прв Роналдо со 910. Но, на Википедијата на Пеле стојат 1.279 голови на 1.363 средби, бидејќи тука се вклучени и головите на неофицијални средби. Делириум настанал кога стигнал до големиот јубилеј. Го дава за Сантос на Маракана на 19 ноември 1969-та на 29 години. Играта ја прекинале.