Расеченo челото на јунакот на Аталанта кој им донесе 11 милиони евра

Дваесет и пет годишниот црногорски репрезентативец Никола Крстовиќ е херој на италијанскиот претставник. Аталанта во реваншот бркаше голема негатива од 0:2. Прво јуначки надомести 3-0, но гостите намалија на 3-1. Кога сите чекаа продолженија домаќинот доби пенал буквално во последните секунди од мечот кога Бенсебаини грубо го фаулираше Крстовиќ и го расече по цела глава со невнимателен старт со копачките.

Бенсебаини доби втор жолт картон и црвен, а Лазар Самарџиќ постигна феноменален гол од пенал за 4-1 и пласман на Аталанта во 1/8 финале на Лига на шампиони.

Никола Крстовиќ после натпреварот на Инстаграм објави видео од страшните рани кои му ги направил стоперот на Борусија Дортмунд со копачка:

26 февруари 2026 - 10:40