32 екипи за само неколку дена се пријавија на големиот хуманитарен турнир кој на 1 март од 13:00 часот ќе се одржи во малата сала под Кале. Целта е да се соберат средства за лекување за 8 годишната Ана Јованчев, која ќе се оперира од редок тумор во Хрватска. Влезот е слободен, а во салата ќе има кутии за донации.