Offside

Оклахома ја совлада Индијана во петтиот натпревар од финалната серија и е на само една победа од освојувањето на шампионската титула.

Стадионот каде ќе се игра финалето на СП 2034 е чудо од архитектура

И покрај тоа што прво на ред е Мундијалот 2026, па 2030, ултра богатата земја која си собра Роналдо и екипата на печалба, веќе почна со кампања за Светското 2034.

Под голем емотивен набој, Рафаел Надал се прости од тенисот пред своите

Најдобриот шпански спортист на сите времиња, како што го нарекоа шпанските медиуми, се збогуваше со тенискиот рекет. Го стигнаа многу емоции откако неколку илјади шпански навивачи громогласно му го скандираа името.

Како изгледаше оброкот на Халанд после хет-трикот против Казахстан?

Ако едно парче тежи од прилика по 100 грама, тогаш Ерлинг Халанд фукнал кило бифтек. Минимум. Не постирал повеќе од тоа, но се надеваме дека оваа мега примамлива порција ја комбинирал со  црвено вино, а не со кока кола или сл.

55 години од голот број 1.000 на Пеле

Според официјалните статистики, Пеле е трет стрелец во историјата на фудбалот со 762 гола, втор е Меси со 850, а прв Роналдо со 910. Но, на Википедијата на Пеле стојат 1.279 голови на 1.363 средби, бидејќи тука се вклучени и головите на неофицијални средби. Делириум настанал кога стигнал до големиот јубилеј. Го дава за Сантос на Маракана на 19 ноември 1969-та на 29 години. Играта ја прекинале.

Од виртуелен во реален свет - како е да го водиш Динамо Загреб на компјутер и во живо?

Арон Фалон е еден од најјаките играчи на светски познатата фудбалска симулација Фудбал Менаџер. Тој добил покана од Динамо Загреб да го посети клубот и во живо, во прво лице да види како се води екипата на терен. Арон неодамна играл на Светско првенство во Фудбал Менаџер во Ливерпул. Играл погаѓате со кој тим.

Инсерти од Тајсон во најјакото

Кариерата ја заврши во 2005-та со 50 победи и 6 порази. 44 од победите му се со нокаут. Од нив 19 во низа, а тоа се првите откако почна да боксува. Сè уште е најмлад шампион во тешка категорија на 20 години. Важеше за најстрашната боксерска машина која не бадијала го доби прекарот „челичен“.

Нова реклама на Најк за Рафаел Надал

Дејвис Куп репрезентацијата на Шпанија денес ќе игра во четртфинале против Холандија. Во селекцијата е и легендарниот Рафа Надал кој неодамна најави дека овој турнир ќе му биде последен во кариерата. Најк снимил уште една реклама во негова чест, а Рафа изјави како тука момците се битни, не негово евентуално пензионирање и дека му е толку убаво во репрезентацијата што воопшто не размислува на крајот.

Ривалдо уште го има истиот осет, на 52 години

Една од најголемите култни легенди на бразилскиот фудбал и на Барселона, Ривалдо учествувал во ревијален натпревар со хуманитарен карактер во бразилскиот град Коритиба. Играле поранешни ѕвезди на Барселона против поранешни бразилски фудбалери. Меѓу другите настапиле уште и Ромарио, Хавиер Савиола, Едмилсон, Кафу, Зе Роберто. Ривалдо го отворил мечот со преубав гол од слободен удар, во негов стил.

Канонада од шанси во Лесковац

Србија и Данска одиграа само 0:0 во последното коло од Лига на нации. Премалку, ако се ѕирне статистиката, која вели вкупно 22 шутеви на Србите наспроти 8 на Данците. Или уште подобро ако се погледнат најзрелите 7 на мечот од кои 5 на домаќинот или три на Влаховиќ.

Подзаличува на Винисиус а?

Исто движење, иста енергија, нервоза, агресија, абе плукнат Винисиус. Но во лавината видеа на Твитер, некој си поиграл и го забетонирал името на Бразилецот на самиот клип и на прва секој ќе помисли дека е тој. Ние го објавивме и толку им требаше на нашиве мадридисти - „професионалци“, се кренаа против редакцијата и тоа лути бре и натажени за најмилото од Рио.

Трикот на Спалети за напаѓачите

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација црта и објаснува со каква финта треба да се служат напаѓачите пред да втрчаат кон гол. Да ја следат позицијата на линискиот судија. Интересно.

Историските достигнувања на земјата која има жители кои може да ги собере на Градски

За Сан Марино, 2024-та е фудбалска година за која веројатно до сега само сонувале. Верувале или не, први во група завршија и годинава се радуваа на триумф по пауза од 20 години и тоа два пати.

Жоел Ембид одигра прв меч без слободни фрлања после 2.474 дена

Синоќа во МБА ЛА Клиперс го сопреа Голден Стејт Вориорс кој е во страшен налет, а Џими Батлер се врати после повредата и со 30 поени му донесе голем триумф на Мајами Хит против Филаделфија Сиксерс. А Сиксерси играат очајна сезона - го запишаа 11-от пораз во сезоната и имаат учинок 2-11. Жоел Ембид на неговиот трет меч сезонава имаше само 11 поени и за првпат дури од 2018-та не изведе ниту ЕДНО слободно фрлање цел меч.

Проектилот на Пољаците кој заслужува внимание

Паднаа 26 гола на 9 меча во претпоследниот ден од последното коло во групната фаза од Лига на нации. Еден од најубавите, ако не и најубав е оној на средбата Полска - Шкотска 1:2. Го постигна дефанзивецот Камил Платковски.

Ќерка на денот

Татко низ игра ѝ вика на ќерка му ќе кажеш дека НБА ѕвездата Леброн Џејмс е најдобар на сите времиња или седи во ќош. Девојчето не попушта за ништо.

Капитенот на САД Пулишиќ го шири Трамп танцот

Во реваншот од четвртфинале на Конкакаф Лига на Нации, САД со 4-2 ја совлада Јамајка. Стрелец на првиот гол за домаќините беше фудбалерот на Милан Кристијан Пулишиќ кој го прослави со фамозниот Трамп танц кој го прошири по светот.

Време е за вечното дерби, Евролига со супер најава

Под наслов „Дербито што разделува и обединува град“ Евролига го најавува претстојното вечно белградско дерби Црвена звезда - Партизан закажано за четврток од 20.00 часот. Црвено-белите се домаќини и во далеку подобра форма го дочекуваат дербито. Црно-белите, пак, зад себе ќе имаат 1.000 грла во гротлото на белградска „Арена“.

Фото на денот

Нема да одиме со она легендарното од лево на десно клечат/стојат, туку ќе ги респектираме по години. Атанас Костовски, Златко Калински (омилениот), Југослав Костовски, Тони Стојановски, Дамјан Николовски (најмладиот). Не врши работа едно пиво за да ви раскажуваат анегдоти од стотиците и илјадници минути коментирање на разни спортски збиднувата, посебно па со двајцата пензионирани. Инаку за екипата да биде комплетна, фалат уште.

Дембеле зборува за документарци за диктатори, колегите му се смеат

Иако делува на лик кој слободното време го поминува во играње Плејстејшн, Осман Дембеле да ти бил опседнат со документарни филмови за диктатори. „Ми се допаѓа да гледам што правеле диктаторите: Мобуту, Германецот...Сталин, ми се допаѓаат тие документарци“, вели фудбалерот на ПСЖ. Чуамени и Кунде се кезат на муабетот.

Фудбалер на Тотенхем казнет 7 меча и 100.000 евра за шега на сметка на Кореецот Сон

За англискиот фудбал може да кажете дека е ваков или таков, некому да се допаѓа повеќе некому помалку, ама факт е дека најдобро организираната лига на свет е токму англиската Премиер лига. Кај нив ништо не се препушта на случајот, особено не невкусни зафрканции.

Милевски: Состојбата со теренот не е нормална

Македонската фудбалска репрезентација со години се бори против лошата трева на Градски. И таман кога помисливме дека е џам направена, пак не чини, а двојно повеќе пари се дадоа од онаа на Алијанц арена.

Ивандер Холифилд и Ленокс Луис пред мечот биле во соблекувалната на Тајсон

За помладите генерации, Холифилд и Луис беа најголемите ривали на Тајсон во времето кога имаше саглам бокс и тие двајца се дел од вкупно петмината кои успеале да го совладаат. Холифилд го победи во 1996-та, па следната година уште еднаш кога Тајсон беше дисквалификуван поради она славно гризење на увото. Луис пак го порази Тајсон во 2002-ра. И двајцата му дадоа поддршка пред борбата против 31 година помладиот Џејк Пол.

Фантастична одбрана на Мењан во 94-та минута вредна прво место за Франција

Италија - Франција синоќа заврши 1:3 во групата 2 од А дивизијата, а претходно и Франција - Италија заврши 1:3. Тоа значи дека ако Мојс Кин успееше да реализира во последните мигови од средбата, Италија ќе завршеше прва поради подобриот меѓусебен дуел.

Супер голот на Кристијано Роналдо против Полска

Во група 1 од А дивизија во Лига на Нации Португалија и Кристијано Роналдо играат совршено. Португалците во петокот ја размонтираа Полска со 5-1 иако до 59-та минута резултатот на семафорот беше 0-0. Кристијано Роналдо (39) даде два гола, еден во 72-ра од пенал и еден во 87-ма минута со ножички за конечни 5-1.