Луис Енрике најде ранец на прес-конференција: „Да не има бомба“?
ПСЖ вечерва игра реванш против Монако за пласман во осминафинале. Првиот натпревар го добија 2-3 на гости па сега им останува дома само да го заверат билетот за 1/8 финале. На прес пред овој натпревар шпанскиот тренер Луис Енрике нашол еден сокриен ранец зад бината па се пошегувал со асоцијација на бомба.