ФИФА има ново правило за повредени играчи

Играчите кои ќе добијат третман од докторите и физиотерапевтите на терен, би можеле во иднина да мораат да останат надвор од теренот уште една минута, планира ФИФА во новото правило кое треба да се изгласа за некој ден.

Ова е уште една од мерките кои ФИФА ги презема за да го скрати задржувањето време на фудбалски терени. Ова правило треба да биде потврдено и од Советот на меѓународни фудбалски асоцијации на генералното собрание во сабота.

Во моментов нема препишано колку повредените играчи треба да останат надвор од теренот додека им се укажува помош пред да се вратат во игра.

Лигите им оставија на судиите сами произволно да одлучат кога ќе ги пуштат играчите назад во игра. Во Премиер лига има правило од 30 секунди за колку што играчот може да се врати на терен.

ФИФА го тестираше пробно ова правило на Арапскиот Куп во декември и тогаш пробаа со две минути за фудбалерот кој е надвор од теренот додека му се укажува помош или некаква асистенција.

Шефот на судиите при ФИФА, Пјерлуиџи Колина вели дека правилото од две минути задолжителни за играчот кој е надвор од теренот ќе помогне да се намалува задржувањето време.

24 февруари 2026 - 14:40