Тимот од Бергамо имаше почеток и крај на првиот дел и втор дел како од соништата. Прво во идеален старт поведе 1-0 преку Џанлука Скамака после голема грешка на одбраната на Борусија Дортмунд.
На истекот на првиот дел Давиде Ѕапакоста со помош на противничките играчи и одбиена топка зголеми на 2-0 и Аталанта тогаш веќе го израмни вкупниот резултат по поразот на првиот меч (2:0 во Дортмунд).
Во вториот дел Мартин Де Рон центрираше во 57' минута а Марио Пашалиќ со глава донесе високи 3:0 за Аталанта! Делириум на стадионот во Бергамо кој низ годиниве се нагледа прекрасен фудбал и разни чуда.
Atalanta fight back to secure their round of 16 spot 💪#UCL pic.twitter.com/aEvvLigw5J
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 25, 2026
Борусија Дортмунд конечно здивна кога Карим Адејеми постигна страшен гол од далечина во 75' минута.
И кога сите мислеа дека веќе е готово и дека германскиот тим ќе биде патник во осминафиналето, се случи чудо. Голманот на Борусија Дортмунд Грегор Кобел погреши едно додавање пред својот гол, по одбиена топка Никола Крстовиќ скокна да ја дофати со глава но беше грубо фаулиран од Бенсебаини кој дури и го раскрвари Црногорецот.
Главниот судија гледаше ВАР и досуди пенал во длабоко судиско продолжение во 90+7' минута.
Сигурен реализатор беше Србинот Лазар Самарџиќ кој распали ризично и силно под пречката на Кобел за конечни 4-1 и пласман на Бергамашите во 1/8 финале на Лига на шампиони.