Тренираше 9 часа дневно, 6 дена во неделата. Двеста рунди спаринг – толку брутални што секоја сесија ја завршуваше ползејќи од салата до топла бања, само за да може следниот ден повторно да стане и да го направи истото.
Се будеше во 4 часот наутро. Трчаше од 5 до 8 км додека остатокот од светот спиеше. Кога некој ќе го прашаше зошто тренира толку рано, тој одговараше:
„Го правам тоа затоа што не сакам да го правам. Тоа е вистинска дисциплина, да го правиш она што го мразиш дури и кога никој не гледа.“
Во 10 часот наутро јадеше овесна каша и млеко. На пладне му беше првата боксерска сесија. 10 до 12 рунди, минимум.

Во 15 часот следуваше втора рунда тренинг: техничка работа, ракавици, јаже за скокање, велосипед. Додека другите борци сонуваа за успех, тој крвареше за него.
Во 17 часот почнуваше со тренинг сесија која ја повторуваше 10 пати: 250 стомачни, 200 склекови, 50 дипсови, 50 падобранци и 50 склекови со тег.
Или вкупно: 2.500 стомачни, 2.000 склекови, 500 дипсови, 500 падобранци, 500 склекови. Имаше ритуал на воин.
Тој не седеше во црква барајќи Бог да ја заврши работата за него.
Неговата вера беше дисциплината. Потоа се враќаше дома, се влечеше по скалите и се потопуваше во топла када со сол. Викенди? Не веруваше во нив. Пет години не прескокна и не се пожали.

„Кога не тренирав гледав борби десет часа дневно. Понекогаш заспивав со ракавиците. Живеев во постојана војна.“
Кога луѓето ќe го прашаа што најмногу мрази, тој одговараше:
„Тренинзите. Се повторуваa секој ден и стануваше досадно. Но тоа е цената што ја плаќаш за да станеш легенда.“
Секој ден се гледаше во огледало и повторуваше:
„Јас сум најголемиот борец на сите времиња. Никој не може да ме победи.“
Тоа не беше ароганција, туку ментално програмирање. Умот заповедаше, телото следеше.