Меси соборен на земја од гледачи во Порторико

За време на пријателска средба меѓу најпознатиот еквадорски клуб Индепендиенте дел Вале и Интер Мајами одигран во Порторико пред 12.500 гледачи, некои неодговорни поединци влетале во терен во желба да се сликаат со Лео Меси. При гужвата со редарите го собориле на земја.

Натпреварот доцнел 1 час поради хаос и гужва пред влезовите на стадион, а дополнителна забуна направиле организаторите со комплетно исти црни дресови на двете екипи поради што ништо не се распознавало. 

Меси влегол во вториот дел на полвуреме и постигнал гол од пенал за конечни 1:2 за Интер Мајами. Инаку претхдоно оваа пријателска била одложена поради повреда на Меси па ја префрлиле за синоќа.

27 февруари 2026 - 11:01